Што навистина го спречува стареењето, а што е само фрлање пари?

156

Полиците во парфимериите и дрогериите се преполни со козметички производи за различни намени, а дерматологот Ањали Мато ни открива кои производи навистина помагаат. Според Мато, голем дел од козметиката што се продава за оваа намена е скап маркетинг, а ефикасни се само неколку креми.

Пред сè, важно е да се знае дека првите знаци на стареење се појавуваат во доцните 20-ти и раните 30-ти. Еластичноста на кожата се намалува, потребна е дополнителна хидратација, а темните кругови околу очите стануваат повидливи. Исто така, влијание имаат и УВ-зрачењата, загадувањето, пушењето цигари и лошата исхрана.

Во целата палета на козметички производи, не постои таква крема или серум кои ќе го запрат стареењето, но има такви кои ќе го направат целиот процес многу побавен.

Најефикасни во борбата против знаците на стареење се производите кои содржат ретиноиди, антиоксиданси и кремите за сончање.

Што навистина спречува стареење, а што е само фрлање пари?

Ретиноиди

Ова се соединенија кои произлегуваат од молекулата на витаминот А и локално дејствуваат против знаците на стареење. Користете козметика со ретиноиди за намалување на брчките, стимулација за создавање на колаген и за ублажување на неправилните дамки како последица на нарушената пигментација.

Антиоксиданси

Антиоксидансите се клучна состојка која ги поништува слободните радикали, кои пак се создаваат поради долга изложеност на сонце. Користете козметика богата со витамини Ц и Е, консумирајте храна која ги содржи истите, пијте зелен чај и секако, кафе.

Креми за сончање

Кога ја заштитувате кожата од ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење, вие всушност активно се борите против раните знаци на стареење. Дневната хидратантна крема изберете ја така што и самата ќе содржи заштитен фактор, а за вратот, деколтето и останатата изложена кожа, мачкајте средство за сончање што го користите за на плажа.

Ритуалот кој треба да го почитуваме е едноставен: лицето се чисти секое утро, се нанесува серум што содржи антиоксиданси и на крај се користи кремата со заштитен фактор.

Влажните марамчиња користете ги само кога немате друг избор.

Важно: Кремата за нега на кожата околу очите не е иста како онаа за целото лице. Овие формули се со соодветна хемиска структура што одговара на нежната кожа на очните капаци и под очите. Користете ја редовно, заедно со кремата за лице.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.