Неверојатно! Ова се европските земји во кои луѓето се најосамени … И, што е најлошо, никој не го забележува тоа. Проблемот со осаменоста станува се поголем, а користењето интернет помага колку што помага.
Таа лежеше мртва во ходникот од својот дом во Ротердам скоро цела деценија. Никој не забележа, изјави за Еуроњус портпаролот на холандското Министерство за здравство, Аксел Диз. Тоа беше вистински шок. Како е можно некој да е мртов во толку голем град 10 години, без никој да го забележи тоа? 74-годишната жена на крајот ја пронашле работниците кои забележале голем број натрупани писма пред нејзината влезна врата, по што повикале полиција.
Овој настан од 2013 година го мотивираше Хуго де Јонг да преземе нешто. Потоа работејќи во Градскиот совет во Ротердам, тој разви локален план за борба против осаменоста. Денес, овој министер за здравство на Холандија, ја прошири својата стратегија за целата земја. Холандија не е единствената земја што презеде чекори по ова прашање. Поради проблемот со кој започна да се соочува Европа, Велика Британија е првата земја што назначи министер за осаменост.
Кое е нивото на осаменост кај луѓето во Европа?
Главната тешкотија со која се соочуваат експертите во дефинирањето на овој проблем и утврдувањето дали расте и колку брзо се шири низ континентот, е недостатокот на податоци за споредба. Прво, осаменоста е субјективно чувство кое се разликува во различни социјални групи и земји. Второ, иако има студии, тие се релативно нови, така што има малку референтни вредности со кои резултатите би можеле да се споредат и да се забележи можниот раст на овој проблем.
Осаменоста влијае на седум проценти од возрасните низ цела Европа, според краткиот текст на Европската комисија. Исто така, во текстот се наведува дека луѓето во источните и јужните делови на Европа почесто се чувствуваат осамено отколку луѓето во западните и северните делови. Говорејќи конкретно за социјалната изолација, најтешка е ситуацијата во Италија, Холандија и Франција. Во анкетата од 2015 година, во која граѓаните беа прашани дали имаат време да побараат помош или да се доверат некому за приватни работи, трите земји се истакнаа по своите негативни одговори.
Дали осаменоста влијае само на постарите луѓе?
Околу 1,4 милиони луѓе постари од 50 години во Англија признаваат дека често се чувствуваат осамено, соопшти добротворната организација „Age UK“. Експертите велат дека процентот на стари лица кои се чувствуваат осамено не е променет, но вкупниот број се зголемува бидејќи луѓето живеат подолго. Аксел Диз рече дека како што стареат луѓето, така се намалуваат нивните социјални перформанси, а со тоа и нивната поврзаност со другите луѓе



















