Босилекот чуда прави | Ова е неговата моќ

328

Босилекот веќе со векови се користи во борбата против здравствените проблеми.

Ви претставуваме 5 начини како можете да го употребите босилекот како лек:

Истолчете шест до седум листови од босилек па помешајте ги со една лажица мед. Една лажица од добиената смеса внесена пред појадокот го зголемува имунитетот и ја намалува хипертензијата.

Сварете една шака листови од босилек во еден литар вода. Процедете ја водата и пијте ја топла на секој половина час. Вашето грло ќе почувствува олеснување, а желудникот ќе ви се смири.

Претходниот совет може да се употреби на уште еден начин, ако имате воспаление на кожата или неподносливо чешање, со цел да почувствувате моментално олеснување, натопете памук во оваа вода и нежно тапкајте го болното место.

Слатко и прекрасно, етеричното масло од босилек помага при олеснување на воспалителни состојби, како што е болката во зглобовите или киселините. Познато е и по тоа што го изострува умот и го зајакнува нервниот систем.

Нанесете неколку капки етерично масло од босилек на врвот на носот и слепоочниците па многу брзо ќе се ослободите од стресот и напнатоста.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.