Љубовна приказна на векот | Жената со која ги издржал сите трагедии во животот | Фото/ Видео

427

Благодарение на неговата сопруга успеал да се опорави од катастрофите кои животот му ги нанел.

Еден од најпознатите актери во историјата на Холивуд, Кирк Даглас во декември оваа година ќе наполни 103 години, а својата долговечност ја припишува на “прекрасниот брак”, кој трае повеќе од 60 години. Актерската икона вели дека благодарение на сопругата Ана (100) успеал да се опорави од тешкотиите кои животот му ги носел.

“Среќен сум што пред 63 години ја пронајдов сродната душа и верувам дека нашиот прекрасен брак ми помогна сѐ да преживеам”, изјавил Кирк за магазинот Closer Weekly по повод 100-от роденден.

Познатиот актер го прославил роденденот со 200 пријатели и членови на семејството на забавата во Калифорнија, на која домаќин бил неговиот син Мајкл и неговата сопруга Кетрин Зета Џонс. Од глумата се повлекол уште пред 20 години по тежок мозочен удар, кој му ја одзел способноста да зборува.

Kirk Douglas, Catherine Zeta-Jones and Michael Douglas

“Постојано ме прашуваат за совет за долговечноста. Јас немам ниту еден. Но, мислам дека сме тука со причина. Јас сум поштеден од смрт по хеликоптерската несреќа и мозочниот удар, со цел да направам повеќе добра во светот пред да го напуштам”, пишува тој.

Кирк Даглас, син на неписмени руски емигранти, играл некои од најпознатите улоги во историјата на филмот, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј. Играл во повеќе од 80 филмови, но за разлика од ѕвездите на помладата генерација, никогаш не глумел во продолженија.

Роден како Issur Danielovitch во сиромашно семејство на руски емигранти во Њујорк, Даглас во градот посетувал академија за глума. Улогата во “Шампион” во 1949 година му ја донесе првата од трите актерски номинации за Оскар, награда која никогаш не ја добил. Пред 20 години предадена му е само една почесна награда за животно дело.

Меѓу другите најпознати филмови му се “Лоши и убави” во 1953 година (втора номинација за Оскар), “Дваесет илјади милји под морето” во 1954 година, “Страст за живот” во 1956 година, во кој го играл Ван Гог и ја заработил третата номинација, “Пресметка кај ОК коралот” 1957, “Спартак” во 1960 и “Седум дена во мај” во 1964 година.

Првиот брак со актерката Дајана Вапстер, се распаднал во 1951 година, но му донел два сина, Мајкл и Џоел.

Kirk Douglas, Diana Douglas Webster and Michael Douglas

“Да се доживее 100тата година е дефинитивно голема работа, но уште поважно е тоа што го постигнал во 100те години”, вели Мајкл Даглас. “Ја истакнувам неговата сила и издржливост. Тој ме научи секогаш да го дадам најдоброто од себе во сѐ што правам.”

Семејството Даглас било погодено и со трагедии. Ерик, синот на Кирк, по кратката вонбрачна врска со Белгијката Anne Buydens, починал од предозирана доза во 2004 година, кога имал 46 години.

Кирк преживеал хеликоптерската несреќа во која се наоѓал, и помал авион над Калифорнија во 1991 година. Таа среќа, да преживеат, ја немале двете други лица кои биле вклучени во несреќата. По тешкиот мозочен удар во 1996 година, кој му ја скрати можноста понатаму да се занимава со глума, тој ѝ се посветил на филантропијата.

Кирк Даглас и Ана изградиле 400 училишни игралишта во Калифорнија и се основачи на Центарот за Алцхајмеровата болест. Својот имот по смртта имаат намера да го дадат во добротворни цели.

“Тој е совршен човек, морам да кажам. Сѐ што тој го прави е совршено”, рекла долгогодишната пријателка на Кирк и колешка Енџи Дикинсон.