Најтешката жена на светот | Преку маратонски се*с до саканата тежина

2131

Нејзината цел е да со помош на секс дојде до својата “идеална“ тежина од 240 кг. и тврди дека со сексуалниот маратон досега изгубила 40 кг.

Pauline Potter влезе во Гинисовата книга на рекорди со неверојатни 291 кг. како најтешката жена во светот. Последно време нејзината прекумерна тркалезна форма и запречила, па затоа се одлучи да симне некое килце.

И тоа на прилично бизарен начин. Поточно, со цел да брзо и ефикасно да се отараси од вишокот килограми, Pauline се фрлила на маратонски секс. Како што е пренесува Hufington Post, во ре-воспоставени интимни односи со нејзиниот поранешен сопруг Алек, Pauline до сега, наводно, веќе изгубила околу 40 кг.

“Не може премногу да се мрдам, но во една сеанса се губат околу 500 калории. Мислам дека е добар, јас сум многу задоволна од својот напредок”, рече Pauline.

Паулин, која секојдневно консумира до 10.000 калории, се надева дека со помош на својот поранешен сопруг Алек, ќе успее да дојде до својата идеална тежина од 240 килограми. И со оглед дека оваа популарна двојка има секс седум пати на ден, желбита на Pauline наскоро би можела да се реализира.

“Мојот кревет е зајакнат и може да не издржи. Сакам да му удоволам на Алек. Иако не можам да носам секси долна облека, се прекривам со провокативна постелнина и мислам дека тоа е доволно да го заведам”, се пошегува таа на своја сметка.

Сепак, Алекс, кој тежи само 63 кг во спалната соба го завршува најголемиот дел од работата. Како што истакна, му причинува задоволство да биде интимен со неговата поранешна сопруга, а попат и помага да го стопи вишокот калории.