Дали знаете што е правилото 3 секунди во сообраќајот?

131

Возењето преблиску, нервозата, претекнувањето и постојано менувањето на лентата се главните причини за верижни судири, велат експертите.

Дополнителни фактори се појавата на магла во раните утрински часови и согорувањето на стрништа, што понекогаш создава димна завеса на автопатот.

Тешки последици

„Ако се случи несреќа на автопат, тогаш тоа е несреќа од абнормални размери, како 200, 300 возила и никогаш помалку од десет возила по ред, а најважно е што возачите не очекуваат таква акција пред нив“, рече Милан Вујаниќ од Комитетот за безбедност во сообраќајот.

Анимацијата направена од „Патишта на Србија“ јасно ги покажува категориите возила и како тие треба да ја држат дистанцата.