Овенот сака акција „на брзинка“, Шкорпијата „жешки игри“, а Рибите долга, но нежна предигра

399

Шкорпиите се нашироко познати како најголеми љубовџии во зодијакот, а на жешките игри се препуштаат без табуа. Раковите сексот секогаш го врзуваат со емоциите, па затоа често ја мешаат авантурата со вистинска љубов …

Овен: Само да е жестоко

Вие не по предиграта, а многу се возбудувате кога другата страна ќе го направи првиот чекор и ќе се упати кон вас. Немате трпеливост за соблекување, веднаш се фрлате во акција. Не е неопходно да стигнете во спалната соба, тоа ќе го сторите на првото погодно место затоа што кога се возбудувате го губите умот и се исклучувате од надворешниот свет. Силната сексуална енергија и самодовербата ќе го „мрднат“ вашиот партнер. Ваша омилена поза не постои, поважно е да го сторите тоа веднаш и ако е можно на необично место.

Бик: Пат до болка

Вратот е вашата ерогена зона и ако другата страна вешто игра со тој дел од вашето тело, станувате луди од желбата. Сакате долги мазења и не се нафрлувате веднаш. Го сакате оној дел пред да започне акцијата. И сè после тоа е само оргазам. Знаете да бидете нежни, но не ви пречи малку погруб секс што дополнително ќе ја разгори вашата страст и желба. Уживате кога го гледате вашиот партнер како ужива, не само во вашето тело, туку и чувството што минува низ неговото тело додека го допирате. Вашата омилена поза е мисионерска.

Близнаци: Дали може во тројка?

Според Зодијакот, вие не сте едно од најстраствените лица, односно можете да го воздржите овој повик на телото. Вашата страст ќе биде запалена од зборови, интелигенцијата на партнерите, духовитоста, знаењето. Во сексот, ја сакате различноста, и кога работите се исти и предвидливи, губите интерес и копнеете по некоја промена, можеби флерт. Може дапомогне играње на улоги, па дури и тројка може да помогне ако вашиот партнер е подготвен да експериментира.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2