Наутлија, ширден, ѓомлезе … | Традиционална македонска кујна

1308

Ѓомлезе

Дури не се испотиш не е благ, треба да се испотиш повеќе и така ќе ти биде повкусен, е една од многуте анегдоти што се раскажуваат за ѓомлезето – традиционално јадење во Охридско.

Под вршник или сач, неколку часа се потребни за да се направи овој специјалитет. Мајстори за ѓомлезе има се помалку, велат охриѓани, но тие што останале сакаат рецептот да го предадат на идните генерации.

Ширден

Ширденот за кој важи познатата „прсти да излижеш” е типичен прилепски специјалитет, голем предизвик за вистинските гурмани. Тајната на ова извонредно јадење е во изборот на месо кое се состои од три различни видови. Според домаќините, не може секој да го прави. Денес ретко се готви и е многу скапо.

Наутлија

Наутлијата, пак, лепче од пченично брашно и слануток, потекнува од неготинскиот регион. Не може да се најде на пазари, се подготвува исклучиво дома, за семејството, традиционално на празниците Мала и Голема Богородица. Главна состојка е наутот, чие семе дава специфичен и уникатен мирис и вкус.

Наутлијата порано била далеку позната и секој дојденец во градот прво сакал да го проба лепчето. Денес редовно се подготвува за празници како Пресвета Богородица.

Ова се само некои од производите на македонската традиционална кујна, рецепти од бабите и дедовците кои мора да ги зачуваме зашто претставуваат наш основен белег.

Традиционалните производи се тесно поврзани со културното наследство, нивното производство и продажба претставуваат значаен извор на финансиски средства, можност за развој на селскиот туризам како кохезија на минатото, културата и традицијата, обележје на нашите предци, место каде традицијата и културата на локалната заедница се уште се „чисти“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.