Rakotzbrücke | Ѓаволски мост | Фото/Видео

534

Овој мост кој потекнува од 19тиот век, го користи своето сопствено пресликување за да формира совршен круг.

Вгнезден меѓу зеленилото во Кромлау, (германскиот парк Кромлауер), е деликатно заоблениот ѓаволски мост познат како Ракоцбрике, кој е специјално изграден за да создаде кружница која се рефлектира во водите под него.

Нарачан во 1860 година од витезот на локалниот град, тенкиот лак кој се протега низ водите на Ракоци, е грубо изграден од разновиден локален камен. Како и многу слични несигурни спојувања низ Европа, Ракоцбрике е познат како “ѓаволски мост”, поради колоквиализмот дека таквите мостови биле толку опасни или чудесни што тие морале да бидат изградени од сатаната.

Додека мостот (како и сите други) бил создаден од смртни раце, неговите градители се чини дека ја задржале естетиката на мостот во повисок поглед од неговата корисност.

Крајот на Rakotzbrücke е украсен со тенки карпи, кои изгледаат како природно изделкани карпи поради “мекиот” и природен агол кој го имаат во својот изглед.

Освен тоа, параболата на мостот е дизајнирана да биде една половина од совршениот круг, така што кога водата е прозирно сина и денот е со прозирна светлина, сите тие финеси ја создаваат илузијата на комплетен камен круг, кој маѓепсува и одзема здив.

Денес, мостот сè уште може да се види во паркот, но преминувањето на старата реликвија е забрането со цел да се зачува и од безбедносни мерки.

П.С. Ова е авторски текст на Бојана Кољушкова објавен во Кукурику.Мк Tuesday, ‎February ‎6, ‎2018, ‏‎1:43:58 PM, но поради хакерски напад на портал кон крајот на 2018 година илјадници текстови се преземани од други портали, меѓу кои и овој, затоа би ве замолил за потпишување на изворот на текстот. Благодарам.

За Кукурику.Мк подготви и уреди Бојана Кољушкова