Една исклучително интересна приказна доаѓа од Далечниот Исток. На овие простори би се кажало дека тоа е “бајка”. Се разбира, бајките не постојат. Додека борбата против корупцијата постои (во нормални земји)!
На еден бугарски портал објавени се интересни статистички податоци за стреланите во Кина за корупција.
Агенцијата CROSS објави дека во Кина, од 2000 година до денеска, се стрелани околу 10.000 државни службеници обвинети за корупција.
Во исто време, според кинески извори, уште 120.000 службеници биле осудени на затворски казни со различно траење. Очигледно, ова е една од причините за растечката моќ на таа земја во светот.
Интензивната кампања за борба против корупцијата која во Кина се спроведува од конгресот на партијата од крајот на 2012 година, дава одлични резултати и е проценка на граѓаните и на експертите. Тие велат дека оваа борба ја подобри работата на државните служби, имала влијание особено во работатат со странските деловни компании и дека дошло до промени во животот на обичните граѓани.
Интересно е тоа што, според светскиот индекс на корупција, Кина дели 77 места (од 180 земји), заедно со Суринам, Тринидад и Тобаго и Србија!
Македонија е на 107 место заедно со Етиопија, Виетнам и Ерменија!



















