Ова мора да го знаат сите оние кои работат на компјутер

154

Ако поминувате повеќе од четири часа на ден на компјутер, мора да знаете дека таквиот начин на живот може да биде активирач за следниве болести, најмногу благодарение на седењето во лоша позиција, постојаното изложување на очите на неприродна светлина, а може да страдаат и вените и другите органи во телото.

Овие се трите најчести болести предизвикани од работењето на компјутер и како да ги спречите!

1. Остеохондроза

Дури 80 отсто од болката во грбот е предизвикана од остеохондроза, болест која претставува атрофија на ткивото на дискот. Големината на дисковите се намалува, апсорпцијата на потребните супстанции исто така, дисковите ја губат еластичноста и можноста правилно да ги извршуваат своите функции. Со остеохондроза, постои намалување на функциите на лигаментите и мускулите што овозможуваат дисковите да функционираат правилно, и сето ова заедно влијае на целокупната состојба на ‘рбетот.

Остеохондрозата најчесто се манифестира со болка во грбот, вратот, рацете и рамената. Оваа болест е често придружена со слаба циркулација, вртоглавица, главоболка, тинитус, вкочанетост во прстите, болка и чувство на печење во градите, чувство на слабост, а исто така може да доведе до оштетување на видот.

Превенција од остеохондроза

  • Обезбедете оптимални услови за работа

Столот во кој седите мора да биде удобен, но не премногу мек. Потпирачот за грб не смее да биде рамен, туку следете го природното искривување на ‘рбетот. Позицијата на компјутерот или лаптопот треба да биде таква што центарот на мониторот е токму спроти очите – ова ќе спречи дополнителна искривување на ‘рбетот и притисок врз рбетот.

  • Повремено одморајте

Одвојте пет минути на секој час за мини загревање – истегнете го вратот со вртење на главата, истегнете го грбот, направете неколку чучњеви или слични вежби.

Продолжува на страна 2