Ова мора да го знаат сите оние кои работат на компјутер

2626

3. Синдромот на карпален тунел

Карпалниот тунел се наоѓа на предниот дел на зглобот. Сместено е помеѓу осум мали коски на зглобот, додека горната страна е затворена со попречно поставен карпален лигамент. Преку него преминува медијалниот нерв, кој е под постојан притисок кај синдромот на карпален тунел. Оваа болест порано била типична за музичари, дактилографи и возачи, а денес најчесто е поврзана со професии кои вклучуваат работа на компјутер.

Се манифестира со чешање, болка и чувство на пецкање во прстите, раката и зглобот, а исто така е можно вкочанетост во показалецот и средниот прст.

Спречување на синдром на карпален тунел

  • Прилагодете го вашиот работен простор

Како прво, бирото треба да биде доволно големо за да можете да ги ставите обете раце на него. Исто така, столчето, тастатурата и глувчето мора да одговараат на вашата анатомија, односно не смеат да предизвикаат никакви проблеми.

  • Гимнастика за раце

На секој час, одморете се за да направите едноставни вежби за една минута или две: стискајте и опуштете ги тупаниците, свртете ги тупаниците во насока на стрелките на часовникот и обратно, истегнете ги рацете пред себе, додека ги движете прстите.