Пијалоци што треба да ги консумирате ако се обидувате да изгубите тежина

103

Иако рекламите преку Интернет понекогаш тврдат поинаку, не постои магична напивка што може да ви помогне да ги симнете натрупаните килограми. Нема пијалок што стимулира губење на маснотиите, вели д-р Мелани Бомер од болницата „Ленокс Хил“.

„Ако сакате да изгубите тежина, мора да постигнете дефицит на калории“, истакнува таа.

Со други зборови, треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате во вашето тело, па затоа е важно да се држите подалеку од шеќерни и нездрави пијалоци, кои лесно можат да ги уништат плановите што сте ги поставиле за себе.

Како и да е, за време на летото, може да биде тешко да се спротивставите на повремено искушение, затоа еве пијалоци кои се сметаат за најдобри за да ја угаснат жедта и да ги намалат сантиметрите на половината.

  • Вода
  • Млеко
  • Вода со парчиња овошје по ваш избор
  • Протеински шејкови
  • Минерална вода
  • Сок од зеленчук
  • Пијалоци со електролити
  • Чај
  • Овошен сок (без додаден шеќер)