НАТО сака да ја прогласи ВСЕЛЕНАТА како нова област за војување

372

НАТО оваа година ќе се обиде да ја прогласи вселената како ново подрачје за војување, изјавија четири високи дипломати, делумно да му се покаже на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Алијансата се приспособува кон новите закани откако Трамп го потпишал планот за воведување на американски вселенски сили.

Со одлуката која треба да се донесе на самитот на светските лидери од 3. до 4. декември во Лондон, на кој ќе учествува и Трамп, би требало и официјално да се признае дека војните не мора да се водат само на копно, во вода, во воздух и во компјутерскиот свет, туку можат, исто така, да се водат и во вселената.

“Постои согласност за тоа дека треба да се прогласи вселената за простор за војување, а самитот во Лондон е најдоброто место за истата да стане официјална”, изјави висок дипломат на НАТО вклучен во дискусиите и предупреди дека за техничките прашања сè уште се разговара.

Дипломатите од НАТО демантирааат дека би се војувало во универзумот, но велат дека прогласувањето на вселената за простор на војување би поттикнало расправа, дали НАТО воопшто треба да користи вселенско оружје во воздушна одбрана против непријателските проектили или уништување на сателити.

Одлуката за прогласување на вселената за нов фронт на одбрана би можела да го убеди Трамп дека Организацијата на Северно-атлантскиот договор е корисен сојузник во спротивставувањето на Кина, како растечка воена супер сила, изјавиле дипломатите.

Иако земјите на НАТО имаат 65 проценти од сите сателити во вселената, комерцијалните кинески сателити нудат различни можности, од брз интернет во авионите до следење на проектилите и вооружените сили на поширок терен.

Кина развива оружје што може да се користи во орбитата и станала првата земја чија сонда слетала на темната страна на Месечината минатата година.

Related image

Русија, поранешниот стратешки партнер на НАТО, а сега за многу сојузници непријателска сила, исто така, е вселенска сила и една од ретките земји која може да лансира сателити во орбитата.

“Може да се војува само во вселената, но оној кој го контролира универзумот, ќе контролира и она што се случува на копното, на морето и во воздухот”, изјави поранешен официјален претставник на НАТО Jamie Shea, а сега аналитичар на Friends of Europe think- tank во Брисел.

Се очекува, министрите за одбрана на НАТО да се согласат за широка вселенска политика на редовниот состанок во Брисел, иако нема да има одлука за прогласување на универзумот за оперативен домен на одбраната.

Трамп, кој го искористи последниот самит на НАТО во јули минатата година за да ги опомене европските сојузници за издвојувањата за одбрана и да ја обвини Германија дека е “затвореник на руската енергија”, потпишал во февруари план за создавање на Американски вселенски сили.

hina.hr