Легендата за глуварчето

149

Неговото име е една цела програма, глуварчето e познатo и како радич, попина погачица, жутница, жуќаник, жухо зеље, млијечњак, милосавка, сметанка, taraxacum од “tarakea” што на грчки значи “неред, вознемиреност” и “acos”, што значи “лек “, името што му го далe фармацевтите на крајот на средниот век, поради неговите лековити својства.

Многумина зборуваат за него во своите писанија, а особено убави стихови се посветени на неговиот голем отпор, а тоа е поезијата која може да се прочита во книгата “Le Fate dei Fiori – Il Libro delle Bambine” (Цветот на самовилата –  книга на девојките) од Cecily Mary Barker (која ја препорачуваме на сите кои ја сакаат природата и скриениот свет на самовилите и цвеќињата).

“Погледни ги моите назабени лисја,
погледни го тревникот, патеката,
види ме во градината, весело сум и горделив!
Скини ме: јас повторно растам,
без да барам дозвола или извинување.
Што правиш со своите мотки?
Никогаш нема да можеш да се ослободиш од мене!
Никој не може да остави впечаток врз мене,
затоа што сум глуварче!”

Во Франција, да се покаже дека лицето починало, се користи терминот “voir le croître Pissenlit par la racine”, што буквално значи “да се види растењето на корењата на глуварчето”.

Легендата за ова цвеќе го гледа како херој на приказните за соништата и желбите, младите љубовници го користеле ова растение да им ги исполни надежите и љубовта со дување на семињата (achenes) во ветрот, замислувајќи желба која би требала да им се оствари. Нивните соништа би им се исполниле штом семето би одлетало.

Во средниот век волшебниците го користеле како масло кое е извлечено од глуварчето за да го испрскаат телото со цел да бидат прифатени од населението, и само така нивните желби би се оствариле.

Потоа, постои и легенда која доаѓа од Ирска, која раскажува за тоа како некогаш вилениците и самовилите слободно трчале по чистите ливади и шуми; сè додека човекот не настапил со својата манија да уништи сè.

Така тие магични суштества биле принудени да побараат засолниште во карпите или во густите шуми, но вилите поседувале облека која била премногу светла за да можат да се скријат, па така често луѓето ги газеле, и затоа се претвориле во цврсти жолти цветови и било кажано дека нивниот упорен опстанок е навистина резултат на магичното присуство на вилите во цветот.

Ако ги забележите овие цвеќиња на врвот на цветање, не ги игнорирајте, забавувајте се со нив, нивните семиња ќе патуваат далеку и ако успеете да ги разнесете сите семиња во еден налет ве чека година полна со изненадувања и можеби дури и малку магија!

Валерија Бонора