Не ја мешајте оваа храна со овие лекови

1356

Експерти соопштија кои комбинации се најнекомпатибилни Има храна којашто го запира дејството на некои лекови.

Експертите соопштија кои се најнекомпатибилните комбинации, со коишто треба навистина многу да внимаваме.

Банани и апчиња за крвен притисок

Богатите со калиум банани /вклучувајќи ги и портокалите и зеленолистниот зеленчук / го запираат дејството на лекови за крвен притисок . Тоа е затоа што комбинацијата меѓу нив го покачува премногу нивото на калиум во организмот и може да предизвика аритмија.

Лекови против кашлица и агруми

Цитрусните плодови можат лошо да се комбинираат со овие лекови, односно да предизвикаат забавување на растворувањето во организмот и може да предизвикаат поспаност.

Алкохол и аналгетици

На сите ни е јасно дека не треба да се консумира алкохол додека се пијат лекови. Но, важно е да се напомене дека истовременото земање на двете може да доведе до сериозни оштетувања на црниот дроб. Може да се појави поспаност и вртоглавица.

Кафе и лекови за астма, белодробна болест и хроничен бронхитис

Лековите како бронходилататори се земаат со цел да ги олеснат болките во мускулите и да ги прочистат дишните патишта. Нивното комбинирање со кафе / кофеин / може да доведе до нервоза.Покрај тоа внесувањето на кофеин ја намалува користа од лековите.

Млеко и антибиотици

Ако консумирате млеко додека пиете антибиотици, се препорачува тоа да го направите барем еден час пред и откако сте ги испиле апчињата.

Грејпфрут и лекови за намалување на крвниот притисок

Последната несоодветна комбинација е меѓу грејпфрут и лекови за намалување на крвниот притисок. Грејпфрутот го запира разградувањето на овие лекови и може да доведе до болки во мускулите.