За девојчево зборуваат дека е чудовиште, а таа е само едно мало нежно суштество | Видео

1023

Во сиропиталиштето сите се плашеа од малата Primrose, усвоеното девојче од Кина, која ги изгубила очите од нелекуван глауком. Полни 76 дена по 16 часа плачела од болка.

Кога Американците Chris и Eryn Austin 2016 година допатуваа во Кина со намера да посвојат дете, на прв поглед се заљубиле во девојче со продорни сино сиви очи, Primrose. Но, нејзината необична појава не беше прифатена подеднакво, а останатите деца во сиропиталиштето во кое живееја врискајќи бегаа од неа и ја нарекуваа чудовиште.

Погледнете го видеото:

Имено, очите на Primrose, која неодамна наполни пет години, изгледаат чудно поради детскиот глауком кој не бил на време лекуван. На посвоителите не им пречела необичната боја на очите, но глаукомот напредувал, па така пред осум месеци очите почнале толку да ја болат што кутрото девојче се препотувало од болки, одбивало храна, а 16 часа на ден неутешно плачело.

Посвоителката Eryn вели дека тој период и бил најлош во животот, како да “живеела кошмар што не запира, бидејќи не знаела дали на девојчето ќе може да ѝ помогне.

Продолжува на страна 2