Психологија на животот | Не дозволувај полошите од тебе да те кочат во животот!

1067

Доаѓа моментот кога сфаќаме колку другите луѓе влијаат врз нашите животи. Некои позитивно, а некои негативно. Наместо да растеме и созреваме од ден на ден, почнуваме да забележуваме знаци на стагнација и назадување.

Знаеме дека ниту еден вид на жалење и самосожалување тој проблем не може да го реши, туку дека треба да се запре, да се донесе одлука и да не се дозволи полоши од тебе да те попречат, де те дефинираат и ограничуваат во животот.

Колку пати си се откажал од некој голем и вреден план и цел, бидејќи во твојата средина немало никој кој одел во иста насока?

Колку пати си се откажал од своите соништа, бидејќи немало никој да те поддржи во нив?

Колку пати ладни зборови, очи полни со иронија и бесчувствително однесување на другите одредиле да се откажеш од стандардите кои си ги поставил и си се спуштил на пониско ниво, во простор на бајата просечност?

Одлучи и кажи си дека нема да дозволиш полоши од тебе да те кочат во животот!

Биди достоен на себе и покажи колку далеку човекот може да оди кога во него постои силна желба за нешто ново, повисоко и подобро.

Не дозволувај луѓето околу тебе кои живеат во минатото да те повлечат таму, имај сила да живееш во моментот.

Во животот, борбата со ветерници е осудена на неуспех само ако не веруваш во својата моќ, кога ќе поверуваш дека твоите сили се мултиплицираат.

Можеш да го постигнеш она што сакаш ако доволно силно тоа го сакаш и ако не живееш живот кој им припаѓа на другите.

Не го прави тоа за да не те повлечат на дното, научи да се бориш за себе, и тогаш кога нема никој на твоја страна.

Најдобрата верзија на себе можеш да станеш само кога ќе престанеш да жалиш за тоа колку е животот тежок, и ќе видиш колку е силна твојата моќ и кога ќе сфатиш дека твојата улога во историјата на светот не е беззначајна, силна е онолку колку што веруваш во себе и во својата одлука нешто да промениш.

Кога ќе ги отстранатиш бариерите во себе откриваш дека се придвижуваат и оние во светот околу тебе, бидејќи сите тие се резултат на твоето гледиште за светот и твоите очекувања за него.

Кога и да ти е тешко сфати дека на секој неговата мака е најлоша и дека сите минуваат низ криза.

Можеби изгледа дека другите сега уживаат, но знај дека секој на крајот го жнее она што го посеал.

Затоа ако посееш големи мисли и големи работи ќе видиш дека еден ден зад тебе ќе останат твоите дела и живот во кој навистина ќе уживаш и со кои ќе се гордееш.