Неуредните деца побрзо учат

111

Родителите на децата, кои постојано се извалкани со храна и ја расфрлаат по мебелот, по самите себе, по ѕидовите, па дури и по домашните миленичиња, всушност треба да бидат среќни.

Можеби ова звучи апсурдно, но научниците имаат поинакво мислење. Едно истражување покажа дека условно кажано неуредните деца расфрлувајќи ја храната околу себе всушност учат.

Истражувачите од Универзитетот во Ајова истражувале како 16-месечните бебиња ги учат зборовите и дошле до заклучок дека љубопитните деца, кои расфрлаат работи околу себе, па дури и храна, всушност побрзо учат да ги изговараат имињата на тие работи.

Децата обично полесно ги учат имињата на луѓето, предметите, животните или појавите, кои се постојано во непроменлива состојба, како тато, мама, јаболко и слично.

Меѓутоа имињата на работите, кои го менуваат својот облик малку потешко ги учат, како млеко, кое некогаш е во шише, а некогаш во чаша или едноставно е истурено. Тоа особено се однесува на работите, кои се слични на млекото, како на пример, јогурт, сокови…

Истражувачите спровеле тестирање во кое на децата им дале предмети, кои можат да ги изедат, нарекувајќи ги „дакс“ или „кив“. Децата кои едноставно ги изеле го запамтиле изразот, исклучиво врз основа на изгледот и не ги препознавале во некој друг облик.

Децата, кои истите тие предмети ги расфрлале подоцна знаеле да ги препознаат и во некоја друга форма, бидејќи ја запамтиле нивната текстура и самите откриле како изгледаат во некоја друга состојба.

Ова не значи дека децата, кои прават неред околу себе се предодредени да бидат генијалци, но секако се подподготвени да усвојуваат нови знаења и побрзо да ги распознаваат работите.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk