Што треба да знаете за вегетаријанството

104

Сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да станат следбеници на вегетаријанството. И додека за некои тоа е само мода, вистински посветените вегетаријанци го дефинираат начинот на исхрана како начин на живот.

Многу луѓе го одбиваат месото заради моралната страна на прехранбената индустрија и милионите животни кои сем убиваат или се подложени на тортура.

Всушност одлуката дали човек да се откаже од месото или не, е прашање на личен избор.Ако вие самите размислувате за такво нешто во последно време, читајќи повеќе за вегетаријанството, ќе успеете полесно да донесете одлука – без разлика каква и да е тоа. Еве неколку факти кои дефинитивно ќе ви бидат корисни:

1. Постојат неколку видови вегетаријанци.

Повеќето луѓе си замислуваат дека вегетаријанците едноставно не јадат месо, но вистината е дека тие се делат на неколку видови. Некои вегетаријанци го одбиваат само месото, но ги оставаат рибата и млечните производи во менито. Други, пак, не консумираат ниту месо, ниту риба. Некои се стремат да ги избегнуваат и јајцата и млечните производи, но не сосема. Всушност секој вегетаријанец сам избира какви хранливи ограничувања ќе си наметне.

2. Здраво е.

Конзумирањето на животински производи во умерени количини не е толку лошо, иако некои од нив содржат многу заситени масти и калории. Многу луѓе се загрижени дека запирајќи го внесот на месо, тие ќе доживеат недостиг на протеини и други супстанции, од кои организмот има потреба – но тоа се апсолутно неосновани грижи. Со доволно разновидно вегетаријанско мени човек може да си ги набавува сите материи кои му се потребни за подобро здравје.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2