Што треба да знаете за вегетаријанството

779

3. Вегетаријанците исто така може да добијат масти.

Генерално откажувањето од месото помага за намалување внесот на калории, што резултира со минимално слабеење. Ова сепак не важи кај сите луѓе. Ако не се храните со месо, но нагласувате на други штетни и калорични видови храна, тоа нема да влијае добро на вашата фигура. Некои видови сирења и ореви исто така можат да се покажат како непријатели на добрата форма, но само ако ги консумирате неограничено.

4. Вегетаријанството е добро за животната средина.

Многу помалку ресурси се потребни за да се одгледуваат овошје, зеленчук, мешунки и житарици, отколку животни за нивното месо, млеко или јајца. Јадењето на вегетаријанска храна исто е поекономично и подобро за животната средина отколку пакувањето на прехранбените производи. Дури и ако се откажете од месото само два-три дена во неделата, така ќе придонесете за намалување на јаглеродниот диоксид во атмосферата.

5. Се намалува ризикот од болести.

На многу начини вегетаријанската исхрана може да го намали ризикот од некои здравствени проблеми. Иако откажувањето од месото не е 100% гаранција за здрава исхрана, ако човек внесува претежно корисна храна, тој сигурно ќе го направи имунитетот посилен и има поголема шанса да се заштити од други болести. Според разни студии вегетаријанството е поврзано со намалениот ризик од кардиоваскуларни болести, некои видови на рак, дебелина, дијабетес и висок крвен притисок.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.