СЛУЧАЈОТ ROSWELL | “Einstein ги видел вонземјаните и ги проучувал нивните тела” – Асистентката на познатиот физичар открила детали за “тајното патување”

2042

Einstein наводно напишал извештај за се што видел во ROSWELL во тоа време, а на својот помошничка ѝ наредил да молчи.

Алберт Einstein проучувал летечка чинија која се урнала во ROSWELL. И не само тоа, физичарот познат по формулата E = mc 2, учествувал во обдукцијата на вонземјаните, тврди неговата поранешна асистентка д-р Shirley Wright. Таа додава дека таа била со него на тајното патување во пустината на американското Ново Мексико, местото каде што наводно слетале вонземјаните.

Wright го призна сето ова во серијата нејзини сведоштва снимени на касети, чии детали се објавени дури сега, пишува The Sun.

“Леталото паднало во пустината јули 1947. година во форма на диск, изработено од рефлектирачки материјал. Но, кога се приближивме, беше некако потемно. Не нѝ беше јасно за каков материјал станува збор”, се сеќава таа.

“Не беше изненаден”

Снимката – откако беше разоткриена – покажува вонземјанска обдукција во Росвел во 1947 година.

Таа додава дека вселенскиот брод бил опкружен со чувари, фотографи и експерти кои го проучувале, но и дека Einstein воопшто не бил изненаден од глетката.

“Тој воопшто не беше изненаден што дошле на земјата. И двајцата заклучивме дека сега ќе научиме повеќе за универзумот, а воспоставувањето на контакти може да донесе само добро за нашите светови”, вели Shirley.

Einstein лично ги видел телата на петте вонземјани:

“Му дозволија да ги проучува. Високи беа околу 150 сантиметри со големи глави и многу големи очи без коса, а кожата им беше сивкастозелена. Телата им беа делумно покриени, па не видов сѐ, но слушнав дека немале гениталии ниту папок“.

Einstein напишал извештај за сѐ што видел, а на асистентката ѝ наредил да молчи.

“Решив да не ја однесам оваа приказна во гроб”

Shirley се сеќава дека започнала да работи со Einstein како успешен студент на Универзитетот Принстон во летото 1947. година. Ги чувала нивните тајни за себе речиси целиот свој живот, но сепак одлучила да не ги “однесе во гроб”.

Таа починала во 2015. година, на 85-годишна возраст, а непосредно пред тоа се согласила на интервју со ловецот на вонземјани – Sheila Franklin. Снимките од нивниот разговор неодамна станале јавно достапни.

Не е тајна дека Einstein пред ROSWELL верувал во вонземски живот.

Се вели дека НЛО се урнал во Росвел во Ново Мексико во 1947 година

“Повеќето од нив сега се мртви…”

“Имаме многу причини да веруваме дека Марс, но и другите планети, се населени. Зошто Земјата би била единствената каде што е можен живот? Ние не сме единствени, во ниту еден поглед”, изјавил германскиот физичар уште во 1920. година.

Експертот за вонземјани Philip Mantle предупредил дека вистината за ROSWELL ќе биде тешко некогаш да ја дознаеме бидејќи следната година ќе се одбележат 75 години од настанот, а повеќето од оние што учествувале веќе не се живи.