Славната пророчица го предвидела падот на социјалните мрежи ! Нејзината најава за 2031. година сега звучи уште пострашно

544

Vidente за време на предвидувањата објасни дека причината за сѐ ќе бидат соларните бури.

Познатата кубанска пророчица Mhoni Vidente, жена која милиони луѓе ја слушаат со голем интерес кога се обраќа, повторно, се чини, била во право.

Овој пат, таа погодила дека дел од социјалните мрежи ќе се срушат во октомври, пренесува порталот El Heraldo de Mexico.

Ова е објавено во неодамнешното соопштение за настаните за десеттиот месец во годината, и откако во понеделникот навистина привремено биле исклучени Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp, таа се пофали на својот YouTube канал дека се остварило она што картите го предвиделе.

Вистина, Vidente за време на предвидувањата објаснила дека причината за сѐ ќе бидат соларните бури, но во овој момент нема докази дека активноста на Сонцето имала врска со падот на комуникациските мрежи.

Да потсетиме, Vidente на крајот на септември го предупредила човештвото дека се ближи фаталната 2031. година и ги повика луѓето да се вразумат и да почнат да преземаат нешто.

„Таа 2031. година ќе нѝ донесе целосен хаос, доаѓање на Антихристот и глобален колапс во однос на војните, климатските промени и пандемиите“, а нејзината објава ја објавиле бројните тамошни портали.

Исто така, пред неколку месеци, Vidente предвидела дека во септември Мексико ќе го погоди силен земјотрес, па дури и тогаш прецизирала дека ќе биде со јачина од 6,9 степени, што на крајот навистина се случило.