Куркумата може да предизвика оштетување на црниот дроб

227

ИАКО овој зачин денес многу се користи во готвењето, неодамнешните истражувања покажаа не толку добри резултати за неговата консумација.

Имено, во студија која траела дури десет години, научниците откриле 16 случаи на оштетување на црниот дроб поврзани со куркумата. Штетата била од умерена до тешка, па поради тоа пет лица се хоспитализирани, пренесува Eat This.

Дополнително на оваа студија, забележани се неколку одделни случаи кај возрасни во кои консумирањето на куркума предизвикало оштетување на црниот дроб.

Експертите велат дека резултатите од истражувањето се значајни, но се уште се потребни дополнителни истражувања за да се утврди точно зошто куркумата ги предизвикува овие здравствени проблеми.

Покрај подготовката на вкусни јадења, куркумата традиционално со години се користи како лековито средство против разни воспаленија и се верува дека има одлични антиоксидантни својства.

Меѓутоа, освен непријатното искуство на жолти дамки на рацете кои остануваат долго по готвењето со овој зачин, никогаш немало негативни нуспојави од консумирање куркума – до сега.