Пониските мажи се подобри животни партнери

61

На прашањето која висина на мажи најмногу ги привлекува, поголемиот број од жените одговориле дека партнерот барем пет до десет сантиметри треба да биде повисок од нив. Меѓутоа, можеби тоа мислење ќе се смени по објавувањето на резултатите на едно долгогодишно истражување.

Истражувањето кое повеќе од 50 години набљудуваше повеќе од 5.000 двојки дојде до многу интересни податоци како висината на мажите е поврзана со неговиот однос кон жените.

Резултатите јасно покажуваат дека припадниците на посилниот пол со висина од 170 сантиметри и помалку се многу подобри партнери.

Според добиените податоци, пониските мажи во просек и до 20 отсто повеќе помагаат во извршувањето на домашните работи од високите, односно од тие кои имаат над 188 сантиметри.

Покрај тоа што се вредни, ниските мажи во просек имаат и поголеми финансиски примања и што е можеби најважно, се верни, нежни и внимателни кон својот партнер.