Швалерите се најбезмилосни, кога партнерот 2 ќе ги изневери

180

Научно истражување на специјалисти од Универзитетот на Пенсилванија, САД, утврди дека швалерите се најсурови кога самите ќе бидат изневерени, и многу ретко се подготвени на простување, пишува “Метро”.

Специалистите анализирале големи количини на податоци, следење на животот на тинејџерите од 1994 година до 20-30-годишна возраст. Младите пополниле формулари за изневери и за сексуалниот живот со партнерите.

Една четвртина од испитаниците имале друга врска вон оние со партнерот. А тие пак, швалерите, за возврат неверството на партнерот го поврзуваат со “автоматско распаѓање на врската”.

Истовремено, тие го сметале своето однесување за извршување на сексуални контакти со други партнери како незаканувачко за нивните односи со партнерот.

Заклучокот е дека изневерениот партнер е со најголема веројатност да биде напуштен од оној што пред тоа имал неверства. Оние кои најактивно ја барале сексуалната среќата и на друго место, се покажале и бескомпромисни кога би им набиле “рогови”.

“Луѓето ја преферираат улогата на швалери пред онаа на рогоносци”, резимира за резултатите од истражувањето Мишел Фриско.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.