БРЕМЕНИТЕ жени и ДЕЛТА сојот | Кои се ризиците за бебето и дали треба да се вакцинирате? Одговори на важни прашања, вклучувајќи ги и оние за неплодност

384

Светската здравствена организација предупреди дека заразените бремени жени се соочуваат со зголемен ризик од развој на тежок ви на Ковид-19 во споредба со жените на иста возраст кои не се бремени.

ДЕЛТА варијантата на на коронавирусот во моментов е доминантна низ целиот свет, а здравствените власти во некои земји предупредуваат за нејзиното влијание врз бремените жени, пишува CNN.

Неколку високи здравствени службеници од Обединетото Кралство во петокот издадоа заедничка изјава во која ги повикаа бремените жени да се вакцинираат против ковид-19. Тие објавија податок дека од мај, 98% од бремените жени хоспитализирани поради „Ковид-19“, не биле вакцинирани. Светската здравствена организација (СЗО), исто така, претходно предупреди дека заразените бремени жени се соочуваат со зголемен ризик за развој на тежок вид на ковид-19 во споредба со жените на иста возраст кои не се бремени. CNN накратко дава одговори на клучните прашања на оваа тема.

Дали ДЕЛТА сојот е поопасен ако сте бремени?

Варијантата ДЕЛТА на коронавирусот е повеќе заразна и може да предизвика потешки форми на болеста кај сите, вклучително и бремените жени.

„Во споредба со оригиналниот вирус, новите варијанти (алфа, а потоа и делта) предизвикаа потешки форми на болеста кај бремени жени“, рече Andrew Shennan, професор по акушерство на Кралскиот колеџ во Лондон. „Ова ја вклучуваше потребата за вентилација, прием на интензивна нега и пневмонија, чија појава е 50% поверојатно“, додаде тој.

Податоците од Велика Британија покажуваат дека околу 33% од бремените жени во болница со „Ковид-19“ имале потреба од респиратор, а на 15 проценти им била потребна интензивна нега.

Кои се ризиците за бебето?

Претходните студии покажаа дека инфекцијата „Ковид-19“ го зголемува ризикот од негативни последици и за мајката и за бебето. Овие ризици вклучуваат прееклампсија, инфекции, прием во болнички единици за интензивна нега, па дури и смрт. Според една студија објавена во април во списанието JAMA Pediatrics, во која беа вклучени повеќе од 2.000 бремени жени во 43 медицински установи од 18 земји, бебињата на мајките заразени со коронавирус имаа малку поголем ризик од предвремено породување и ниска родилна тежина. Податоците од Британија покажуваат дека една од пет бремени жени примени во болница со тешки симптоми на „Ковид-19“ се породила предвреме, а веројатноста за породување со царски рез се удвоила. Во просек, едно од пет бебиња родени од мајки со симптоми на коронавирус, исто така, е примено во одделенијата за новороденчиња.

Дали вакцината е безбедна за бремени жени?

Да. Истражувањата покажуваат дека нема причина за посебна грижа за безбедноста на бремените жени или нивните бебиња при примање вакцина против Ковид-19.

„Стотици илјади бремени жени ширум светот се вакцинирани, безбедно и ефикасно се заштитуваат од ковид и драматично го намалуваат ризикот од сериозни болести или повреди на нивното бебе“, рече Gill Walton, извршен директор на Кралскиот колеџ за акушерки во Велика Британија.

Некои земји дадоа предност на имунизацијата за бремени жени, но дури 51 држава или воопшто не ја препорачуваат вакцината или ја препорачуваат само под одредени услови. Меѓу нив е и Германија, која ја објасни својата позиција со недостаток на податоци бидејќи бремените жени не се дел од безбедносните тестови на вакцината.

Што е со мајките кои ги дојат своите деца?

СЗО препорача мајките кои дојат да се вакцинираат и дека не треба да престанат да дојат бидејќи вакцината најверојатно не претставува ризик за бебето.

Дали вакцините против Ковид-19 ѝ штетат на плацентата и предизвикуваат неплодност?

Митовите дека вакцините „Ковид-19“ влијаат врз неплодноста или ја оштетуваат плацентата, често се појавуваат на социјалните мрежи, но научниците појаснуваат дека овие тврдења не се научно засновани.

Д-р Richard Beigi, кој работи во експертската работна група за имунизација, заразни болести и подготвеност за јавно здравје на Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, рече дека „нема јасна научна причина да се верува дека новата вакцина ќе предизвика проблеми со плодноста“.

Покрај тоа, истражувањето покажа дека повеќето бремени жени кои примале вакцини Pfizer / BioNTech и Moderna пренеле заштитни антитела на своите новороденчиња, мерени во мајчиното млеко и плацентата.