Експеримент кој би можел да им овозможи на луѓето да живеат 130 години во телото на дваесетгодишник

130

Научниците од Харвард започнале експерименти врз кучињата и тврдат дека можат да ги направат помлади со додавање нова ДНК инструкција во нивните тела.

Стартап на Универзитетот Харвард започнал со прелиминарни истражувања врз кучињата од расата Бигл, а, како што велат, еден ден би можел да работи и на луѓето. “Реџувенејт био” се базира на претходните истражувања во кои се менувале гените во едноставни организми, како што се црви и муви, што го удвоил нивниот животен век.

Поранешните истражувања, исто така, покажале дека давањето на трансфузија на крв на постарите глувци од помладите, може да обнови некои биомаркери на помладо ниво.

“Направивме многу тестови на глувци, и сега работиме на кучиња, а потоа ќе почнеме со луѓе”, вели еден од основачите на програмата, американскиот генетичар Џорџ Черч, пренесува “Дејли мејл”. Како што рече, тој самиот ќе аплицира за тестирање ако се покаже дека е безбедно. Черч најави дека целта на истражувањето е “телото и умот на лицето на возраст од 22 години, но со искуство на човек кој живеел 130 години”.

Компанијата е позната по својата приватност, но документите добиени од МИТ Технолоџи ривју покажуваат дека „Реџувенејт“ ја тестирал својата генетска терапија на четири кучиња од „Tufts“ Veterinary School во Бостон.

Како што рекол Черч порано, дури и ако генетската терапија на реверзија на процесот на стареење нема да работи на луѓето, сепак би можела да биде профитабилна за употреба врз кучињата.

“Кучињата се посебен пазар. Тоа не е само голем организам сличен на луѓето. Тоа е нешто за што луѓето ќе платат, а лиценцираните процеси се многу побрзи. Ние ќе направиме тестови врз кучиња и тоа ќе биде производ кој ќе плати скалирање за тестирање врз луѓето”, ја објасни Черч деловната стратегија.

Стартап компанијата веќе добила субвенција од Командата за специјални операции на САД за да се позанимава со “збогатување” на воените кучиња.

Во 2015 година, Лабораторијата започнала со подмладување на глувци користејќи генетска терапија и моќна алатка за менување на генот CRISPR. Со нејзина помош, генетичарите внесуваат ДНК инструкции во вирусот, кој потоа оди во клетките на животните и ги носи информациите до хромозомите. Повеќе од 60 различни генетски терапии биле тестирани кај глувците.

Поранешните истражувања покажале дека кај некои кучиња била подобрена срцевата функција, само неколку недели откако им бил даден “чудесениот лек” рапамицин, што навело на можност за продолжување на животниот век.

Рапамицин е бактериски нус-производ пронајден во почвата на Велигденскиот Остров. Веќе се користи во трансплантациите за да се спречи отфрлање на органи, а научниците тврдат дека тоа може да го подобри учењето и да го спречи опаѓањето на когнитивните способности.