Брзо и ефикасно елиминирање на непријатната миризба во вашиот дом

1950

Уреден дом и убав мирис во него е сон на секоја жена, затоа ви препорачуваме ефикасни решенија за елиминирање не незгодни мириси.

Облека со застоен мирис

Иако волнените парчиња облека повторно се во мода, веројатно со текот на времето собрале чуден мирис со кој сакате да се репите. Решението на овој проблем е водка! Облеката испрскајте ја со мала количина на водка која ќе ги убие бактериите, а на тој начин ќе се елимираат несаканите мириси. Без грижа, облеката нема да мириса на алкохол бидејќи мирисот ќе испари.

Замрзнувач

Поради смрзнатите производи, замрзнувачот со текот на времето собира несакана миризба. Откако ќе го одмрзнете замрзнувачот, внатрешниот дел избришете го со крпа која ќе ја натопите со чист екстракт од ванила, а полиците од фрижидерот избришете го со мешавина од оцет и вода.

Пластични садови

Сите ќе се сложите дека пластичните садови се одлиќно решение за чување на остатоците од храна, но со текот на времето и тие примаат чуден мирис. Решението е едноставно. Попопете ги садовите во топла вода помешана со сода бикарбона и оставете ги во текот на ноќта за тоа да делува, а со ова на непријатната миризба слободно заборавете.

Ќилим

Ќилимот со текот на времето собира непријатен мирис, особено во делот од домот каде често се престојува. За решение на овој проблем исто така послужете се со сода бикарбона, која ќе ја посипете врз ќилимот, оставете неколку часа да делува и потоа поминете го со правошмукалка.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.