ВЕЧНАТА ХЕМИКАЛИЈА која со години широко се користела е поврзана со развојот на еден од најсмртоносните видови на рак

2380

Иако официјално не се користи повеќе од 20 години, оваа хемикалија сè уште може да се открие во околината ширум светот.

Бројни хемикалии создадени од човекот со цел да се подобри индустријата се покажале како исклучително штетни со текот на времето. Можеме да додадеме уште една на таа листа, која била во широка употреба до крајот на 20 век.

Позната како „вечна хемикалија“, PFOS (перфлуорооктансулфонска киселина) е поврзана со рак на црниот дроб кај луѓето во една неодамнешна студија објавена во JHEP Reports. Долги години се користела како клучна состојка во водоотпорното средство Scotchguard, а исфрлена е од употреба откако некои тестови ја покажале штетноста за животната средина.

Сепак, иако официјално не се користи повеќе од 20 години, оваа хемикалија сè уште може да се открие во околината ширум светот.

Студијата спроведена од научници од Универзитетот во Јужна Калифорнија и Медицинскиот факултет Icahn во Mount Sinai ја потврдиле врската помеѓу оваа „вечна хемикалија“ и особено смртоносната форма на рак на црниот дроб.

Како што е наведено во студијата, хепатоцелуларниот карцином (HCC) е одговорен за четири од пет случаи на рак во светот, а исто така се смета за еден од најсмртоносните видови на рак. Најголем ризик фактор за развој на HCC се смета за цироза од било која причина – прекумерно консумирање алкохол, дијабетес, дебелина и масни промени во црниот дроб и инфекција со вируси на хепатитис Б и Ц.

Научниците известуваат дека севкупната инциденца на HCC е намалена во текот на изминатата деценија, но зголемувањето на бројот на дебели луѓе и луѓето кои страдаат од висок холестерол може повторно да го зголеми бројот на HCC. На тоа сега би можеле да се додадат и еколошките фактори. Имено, научниците утврдиле дека во водата се наоѓаат траги од PFOS, но и перфлуорооктаноат (PFOA) и перфлуорохексан сулфонат (PFHxS), а поради нивниот полуживот од седум години, тие ќе бидат таму уште некое време.

Претходните студии веќе утврдиле дека голем процент од возрасната популација во светот има мерливи концентрации на овие соединенија во нивната крв (во САД оваа бројка е дури 98 проценти), па научниците се прашуваат дали има ниво на контаминација што може да се смета за безбедно?

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија, во соработка со Универзитетот на Хаваи, ја анализирале крвта на 50 луѓе со дијагноза на HCC и ја споредиле со примероци од 50 волонтери без дијагноза. Со споредување на нивоата на различни видови хемикалии во примероците од крв земени пред развојот на рак на црниот дроб, научниците успеале да го поврзат присуството на PFOS и појавата на HCC.

Научниците утврдиле дека PFOS ги менува нормалните процеси на метаболизмот на гликозата, метаболизмот на жолчните киселини и метаболизмот на еден вид аминокиселини наречени амино киселини со разгранет ланец во црниот дроб. Нарушувањето на нормалните метаболички процеси во црниот дроб може да предизвика повеќе масти да се акумулираат во црниот дроб, состојба позната како безалкохолна масна болест на црниот дроб или NAFLD. Во последниве години, има драматично и необјаснето зголемување на NAFLD ширум светот, што е загрижувачко бидејќи луѓето со NAFLD имаат многу поголем ризик од развој на рак на црниот дроб.

Оние со 10 проценти PFOS во крвта имале 4,5 пати поголеми шанси да развијат HCC од оние со пониски нивоа на хемикалија.

Оваа студија пополнува важна празнина во нашето разбирање за вистинските последици од изложеноста на овие хемикалии, вели водечкиот автор на студијата, Леда Чаци, професор по јавно здравје на Медицинскиот факултет Кек.

Иако оваа студија би можела да даде нови сознанија за механизмите на заболување на црниот дроб предизвикани од фактори на животната средина, експертите предупредуваат дека е потребна поголема студија за да се потврдат нивните заклучоци. Исто така, додаваат тие, неопходно е точно да се одреди кое ниво на хемикалии во околината (а потоа и човечкото тело) би можело да биде „безбедно“ за да се знае како навреме да се ограничи нивната употреба.