И децата може да имаат камења во бубрезите | Која е причината?

1212

Можно е мали камења и песок да излезат од уринарниот тракт без проблеми, но малку поголемите камења можат да се заглават, да го блокираат протокот на урината и да предизвикаат силна болка.

Локацијата на болката може да се промени додека каменот се движи од бубрегот кон мочниот меур.

Пред околу 30 години, камењата во бубрезите беа исклучиво болест на средовечни и постари луѓе. Експертите предупредуваат дека камењата во бубрезите се сé почеста патологија која може да се најде и кај децата. Камењата во бубрезите или уринарниот тракт се резултат на намалување на волуменот на урината и таложење на калциум и други материи. Намалениот внес на течности, лекарите го посочуваат како водечки фактор на ризик за формирање на камења во бубрезите.

Зошто децата имаат камења во бубрезите?

Експертите, сепак, не се сосема сигурни зошто повеќе деца и тинејџери имаат камења во бубрезите. Се претпоставува дека болеста е резултат на дејство на повеќе фактори, како што се консумирањето на индустриска храна со високи проценти на масти, сол и шеќер, раната употреба на антибиотици и климатските промени.

Камењата во бубрезите се метаболичко нарушување, познато и како нефролитијаза, кое настанува кога минералите како калциум, оксалат и фосфор се акумулираат во урината и формираат тврди, жолтеникави кристали. Овие кристали може да бидат со големина на зрно песок или, во потешки случаи, топче за голф. Можно е без проблем да излезат ситни камења и песок од уринарниот тракт, проблеми главно предизвикуваат малку поголеми камења кои можат да се заглават, да го блокираат протокот на урината и да предизвикаат силна болка.

Дури и децата на возраст од 5 години имаат камења во бубрезите

Камењата во бубрезите кај возрасните се поврзани со состојби како што се метаболички синдром, дебелина, хипертензија и дијабетес.

– Тоа не се гледа кај децата, тие доаѓаат без други здравствени проблеми со камења во бубрезите. Не ги знаеме целосно причините зошто болеста се јавува на рана возраст – вели педијатарот и уролог д-р Gregory Tasian од Children’s Hospital во Philadelphia.

Голем дел од истражувањето за нефролитијаза кај децата Тасијан и неговите колеги го насочуваат кон пронаоѓање на причината.

– Очигледно е дека нешто во нашата средина ја предизвикува оваа брза промена – смета докторот. Камењата во бубрезите се дијагноза која денес ја имаат и 5-годишните деца, истакнуваат експертите.

Кај кого болеста е почеста во помлада возраст?

Истражувањето во Клиничкиот весник на Американското здружение за нефрологија известува дека годишната инциденца на камења во бубрезите се зголемила за 16 проценти од 1997 до 2012 година. Најголем пораст на болеста е забележан кај населението на возраст од 15 до 19 години. Во рамките на оваа возрасна група, инциденцата на камења во бубрезите била 52 отсто поголема кај девојчињата и жените, а болеста е почеста кај мажите по 25-годишна возраст.

Сличен тренд е забележан и во други студии, вклучително и една спроведена во округот Олмстед, Минесота, која покажа дека стапката на камења во бубрезите кај децата на возраст од 12 до 17 години се зголемила за 6 отсто од 1984 до 2008 година.

Шеќерот не може да се раствори во празна чаша вода?

Споменатите податоци стручњаците ги објаснуваат како последица на погрешниот начин на исхрана. Високото количество на натриум во чипсот, солените грицки, некои месни производи, спортските пијалоци може да доведат до камења во бубрезите. Заболувањето е поверојатно ако детето не пие доволно вода и консумира премногу сокови и пијалоци со висока содржина на фруктозен сируп од пченка.

– Кога течноста се внесува на овој начин, тоа е како да се обидувате да растворите шеќер во речиси празна шолја кафе – објаснува еден од учесниците во истражувањето, педијатар и уролог д-р David Chu од детската болница Ann & Robert H. Lurie во Chicago.

Климатските промени

Топлите и влажни лета, кога луѓето повеќе се потат, а помалку уринираат, се добра основа за формирање на минерали во внатрешноста на бубрезите и уринарниот тракт. Децата се особено чувствителни на топлина, велат лекарите.

Педијатарот д-р Christina Carpenter од New York-Presbyterian Morgan Stanley Children’s Hospital, пријавува дека лекувала неколку деца на кои им биле дијагностицирани камења во бубрезите во текот на летото. Некои студии тврдат дека бројот на луѓе со камења во бубрезите се зголемува со зголемувањето на температурата на воздухот.

Водечка теорија

Според д-р Tasian, неконтролираната употреба на антибиотици може да го промени цревниот микробиом и да доведе до развој на камења во жолчката. Во 2018 година, истражувањето покажа дека луѓето кои земале некој од петте најчесто препишани орални антибиотици имале 1,3 до 2,3 пати поголеми шанси да развијат камења во бубрезите. Ризикот е особено висок ако на децата им се даваат антибиотици на неконтролиран начин.

Д-р Tasian ја означува нерационалната употреба на антибиотици како „водечка теорија“, што може да ја објасни поголемата фреквенција на камења во бубрезите кај децата и тинејџерите.

Некои деца немаат симптоми на болеста

Експертите предупредуваат дека бубрежните камења во детството се силен фактор на ризик за развој на посериозни бубрежни заболувања во зрелоста, губење на функцијата на бубрезите и намалена густина на коските.

Најчести симптоми на бубрежни камења се остра болка во долниот дел на грбот или долниот дел на стомакот, розова, кафена или црвена боја на урината, честа потреба за мокрење, непријатен мирис на урина. Децата исто така можат да станат нервозни. Сепак, има деца кои нема да имаат ниту еден симптом на болеста или само неспецифични поплаки како што се болки во стомакот.

Доволно количество вода, особено во летните месеци, се најдобрата превенција. Ако не сте сигурни дали пиете доволно вода, проверете ја бојата на урината. Бојата на светлата лимонада значи дека консумираме доволно вода, доколку бојата е потемна потребно е повеќе течност.