NVIDIA успеа да докаже дека првото слетување на Месечината не било лажирано | Видео

1125

Откако Аполо 11 ги однесе Neil Armstrong, Michael Collins и Edwin ‘Buzz’ Aldrin за прв пат на Месечината на 20 јули 1969 година, има дебати за тоа дали целата приказна е вистинита или измама…

Оние кои се поклонуваат и се хранат со теории на заговор никогаш не се откажале, иако поминаа 45 години од првото слетување на Месечината, сепак има доволен број на оние кои тврдат дека целата приказна навистина – не се случила.

Барем во реалноста, бидејќи од многубројни кругови упорно се турка верзијата дека се е само најобична измама и колку и да постојат цврсти, конкретни докази, скептиците не сакаат да направат чекор назад.

Конечниот доказ е релативна работа, но во денешно време модерните технологии ни овозможуваат да извршиме верни симулации и да откриеме што е всушност точно и каде „влегла“ некоја монтажа од секаков вид.

Токму најнапредните технолошки решенија се заслужни за уште еден доказ дека слетувањето на Месечината е реално и дека тимот на луѓе кои засекогаш биле запишани во историјата биле навистина „таму горе“.

Со својата најнова серија на графички картички базирани на Maxwell архитектурата, а станува збор за моделите GTX 970 и GTX 980, Nvidia успеа да создаде графичка симулација на првото слетување на површината на Месечината.

  • Конкретно, технологијата на Voxel-Based Global-Illumination (VXGI) користи напредни алгоритми кои, меѓу другото, на графичките картички им нудат можност прецизно да ги пресметуваат рефлексиите од која било површина без можност за грешка.

Токму оваа технологија ја искористи Nvidia за да ја отфрли теоријата на заговор врз основа на фотографијата направена од Neil Armstrong на која е сликан Buzz Aldrin, според која осветлувањето е „фалсификувано“, а исто така е разбиен и митот дека ѕвездите не се видливи на фотографиите „што е уште еден доказ дека целата работа е најобична лага“.

Експертите од Nvidia успеале да го демантираат сето тоа, односно да објаснат дека астронаутите навистина биле на Месечината и дека никој никого не излажал, барем кога станува збор за еден од најважните настани во историјата на човештвото воопшто.

Погледнете како Nvidia успеа да ја докаже вистината за слетувањето на Месечината во видеото, каде што можете да дознаете како функционираат графичките картички Nvidia со Maxwell архитектурата.

Ова е дефинитивно една од потврдите дека најсовремените технолошки решенија можат да се користат на вистински начин и за правилни цели…