Неодамна научниците открија дека за последните 40 години просечниот број на машките сперматозоиди кај мажите кои живеат во западните земји, е намален за цели 50%, повикувајќи се на Science Alert.
Иако точната причина за тоа и до сега не е позната, научниците се обединети околу хипотезата дека феноменот е предизвикан од конфузијата на балансот на машките хормони.
И сега е идентификуван еден од можните виновници за ова. Во новото истражување научници откриле дека стандардно пропишаниот медикамент ибупрофен може да има негативно влијание врз здравствената состојба на тестисите кај мажот. Ова се случува откако лекот предизвикува состојба наречена компензиран хипогонадизам што влијае на плодноста кај мажот.
“Нашата непосредна загриженост беше кај оние мажи кои користат лекот во подолги временски периоди”, објаснува биомедицинарот Дејвид Маоберг Кристенсен од Универзитетот на Копенхаген во Данска за весникот Гардијан.
“Лековите се добри како лекови против болки, но одреден број луѓе ги земаат без да размислуваат за нив како вистински лекарства”, додава тој.
Претходните студии веќе покажаа негативното влијание на ибупрофенот и други аналгетици како аспирин, парацетамол и ацетаминофен, врз фетусот при бременост.
Но, до сега, речиси ништо не беше познато за нивниот ефект врз зрелите мажи. За целите на истражувањето се пријавиле 31 мажи-волонтери, на возраст меѓу 18 и 35 години. Тие добивале умерени дози од по 600 милиграми или три таблети на ден во период од шест недели, додека друга група има земено плацебо. Првата група имала изразен негативен ефект.