‘Свршеникот ја одложува нашата венчавка 12 години, па почнав да се гледам со друг маж’

1257

Оправдано или себично ?

Кога сфатил дека неговата свршеница се гледа со друг маж, ветил дека наскоро ќе ја однесе пред олтарот.

Една 40-годишна девојка не знае што да прави бидејќи нејзиниот вереник ја одложува венчавката веќе 12 години, па се обрати кај Дејдре Сандерс, консултант за секс и врски во „Сан“, Велика Британија.

„Неподготвеноста на свршеникот да одреди датум за нашата венчавка ме одведе во прегратка на друг маж, а сега сум растргната помеѓу љубовникикот и моето семејство“, признала таа во писмото.

Со својот вереник се запознала пред 15 години и заедно имаат три деца. Тој ја запросил пред 12 години, но тие сепак не се венчале затоа што тој никогаш не одредил датум.

“Никогаш не сакав голема венчавка, само сакав да ја легализирам нашата врска, најмногу поради децата. Но, дојде момент кога престанав да го спомнувам затоа што ме боли непосветеноста на свршеникот. Како одминува времето, се почесто се расправаме. Сексуалниот живот практично исчезна. Станавме пријатели со децата, па решивме да раскинеме“, открива таа.

Подобрување па влошување

Наскоро запознала нов маж со кого започнала врска.

“Кога мојот свршеник дозна, тој ме молеше да се вратам. Ми рече дека разбира колку ме сака и ми вети дека конечно ќе се венчаме. Се согласив на тоа и раскинав со другото момче”, напиша таа.

Сè беше во ред со свршеникот минатата година кога се помириле, па дури и нивниот сексуален живот малку пркнал. Но, по шест месеци, ситуацијата повторно се влошила.

“Секое споменување на венчавката завршува со расправија и наскоро престанавме да имаме секс, повторно. Тој не сака да поминува време со мене, па повторно му се јавив на бившиот љубовник и тајно се наоѓаме замо за секс. Воопшто не чувствувам вина. За разлика од мојот вереник, со него се чувствувам секси, пожелно и добро во својата кожа. Што треба да направам? Сакам да бидам среќна, но не сакам повторно да го свртам животот на моите деца ако ги оставам татко им“, заклучи таа.

Подобра комуникација и работа на врската

“Разбирливо е дека сте пронашле утеха кај друг маж, но знаете дека тоа нема да трае. Треба да донесете одлука пред вашиот свршеник да дознае за изневерувањето и вашата врска целосно да пропадне. Повеќе не станува збор само за брак – не може да очекуваш вашиот вереник да се смири со вас кога повеќе не сте му верни. Сега треба да одлучите дали сакате да бидете со него и да сфатите што е најдобро за вашите деца”, одговори Дејдре.

Во продолжение и препорачала дека тие треба подобро да комуницираат и да работат на врската како пар ако сакаат да ги решат своите проблеми.

„Треба да му кажете дека е од клучно значење да се чувствувате сакани и ценети и тој мора искрено да каже зошто никогаш не сакал да се ожени со вас“, заклучи советникот.