И покрај нивната многу поинаква цел, невроните функционираат слично како спермата на неколку начини.
Таа весела изрека дека мажите мислат со долната глава доби ново значење. Една нова студија покажа дека има многу сличности во структурата на машкиот мозок и тестисите, пишува порталот Science Alert.
„Мозокот и тестисите имаат најголем број на заеднички протеини во споредба со другите органи“, објави тимот на португалскиот биомедицински научник Барбара Матош во списанието Royal Society Open Biology.
И додека мозокот има многу сложена улога – тој го контролира нашето тело, ги прима и толкува сигналите на нашите сетилни органи и е единствениот што мисли и чувствува, додека човечките тестиси имаат само две функции, производство на сперма и хормони. (Иако можеби треба да им простиме на оние кои на овие жлезди им припишуваат мисли и чувства).
Претходните студии сугерираат дека постојат врски помеѓу сексуалната дисфункција и мозочните нарушувања, дури и помеѓу квалитетот на спермата и интелигенцијата. Сами по себе, овие врски не значат многу, но португалските научници нашле објаснување зошто тие сè уште можат да постојат.

Тие споредиле протеини од 33 типови ткива, вклучувајќи ги срцето, цревата, матката, јајниците и плацентата и откриле дека мозокот и тестисите имаат 13.442 заеднички протеини. Ова е потврдено со студии за изразување на гени кои покажаа дека овие два далечни органи делат најголем број гени меѓу сите органи во телото.
Кога проучувале кои од заедничките протеини се најизразени, Матош и колегите откриле дека станува збор за протеини кои најмногу учествуваат во развојот на ткивата и комуникацијата на клетките. Ова има смисла ако земете во предвид колку овие органи се неочекувано слични.
Женскиот мозок ја има истата структура

Мозокот и тестисите се алчни за енергија како би имале „гориво“ за многу тешки процеси, размислување и производство на неколку милиони сперматозоиди на ден. Така, двата органи имаат специјализирани клетки за поддршка на многу вредни неврони во мозокот и сполни клетки во тестисите кои треба добро да се „нахранат“.
Покрај тоа, што нивната цел е многу поинаква, невроните функционираат слично како спермата на неколку начини. И двата типа на клетки имаат важна задача да ги придвижат работите одвнатре кон надворешната средина, односно меѓуклеточниот простор, а процесот е наречен егзоцитоза.
„Ова е недоволно истражена област и треба да се разјасни врската помеѓу овие ткива, што би помогнало да се разберат дисфункциите кои влијаат на мозокот и тестисите“, напишаа португалските научници.
Иако сопствениците на тестисите можеби не се воодушевени од ваквите биолошки сознанија, жените би можеле да заклучат дека и те како има смисла. Но, пред да се „залетаат“, ова откритие значи дека и нивниот мозок ја содржи и истата структура како и машките сполни жлезди, заклучува порталот Science Alert, специјализиран за популарна наука.


















