Ако не ве заобиколуваат проблемите со одење во тоалет, запрашајте се што јадете.
Запекот е еден од најчестите гастроинтестинални проблеми, а оној кој досега не го сретнал не знае колку навистина има среќа. Запекот е особено „популарен“ кај жените за време на бременоста или по породувањето.
Ако овие проблеми не ве заобиколат, запрашајте се што јадете. Најважно е да јадете храна која е богата со растителни влакна и да пиете доволно течности.
Во продолжение дознајте каква храна мора да јадете доколку страдате од запек и ако не сакате да имате проблеми со тоа.
1. Мешунките
Овој вид зеленчук, кој вклучува грав, леќа или грашок, е исклучително добар за здравјето. Експертите препорачуваат да се јаде секој ден бидејќи е полн со влакна, протеини, витамини и минерали.
2. Брокула
Покрај тоа што е одличен извор на витамини и протеини, таа е богата и со растителни влакна. Една шолја брокула содржи пет и пол грама растителни влакна, затоа не ја изоставувајте од вашето дневно мени.
3. Овесна каша
Сите веќе знаат дека овесната каша е еден од најбогатите извори на влакна. Ако не ви се допаѓаат, измешајте ги со јогурт и банана во блендер и нема ни да ги почувствувате.
4. Спанаќ
Покрај тоа што е полн со влакна, содржи и магнезиум – минерал кој го поттикнува варењето.
5. Чиа семе или ленено семе
Тие се исклучително добар извор на влакна и не пропуштајте да ги пиете во вашето смути или со јогурт.
6. Бобинки
Освен што се меѓу најдобрите антиоксиданси, бобинките се извор на влакна кои ви се потребни за да спречите запек. Покрај тоа, тие содржат многу малку калории за да можете да јадете колку што сакате.
7. Круши
Тие се едно од овошјата со најмногу влакна и не заборавајте да ги јадете.
8. Јаболка
И во овој случај, „едно јаболко на ден“ е златно правило. Едно помало јаболко со кора содржи 3,6 грама влакна. Задолжително јадете ги со кората бидејќи таа е најголемиот извор на влакна.



















