Како да се засакаат книгите, лектирите и читањето

2078

Многу ученици имаат проблеми со читањето лектири. Често книгите им се здодевни, неинтересни и тешко разбирливи.

Наставниците, пак, се жалат дека денешните деца не сакаат да читаат и дека е тешко да се натераат на читање. Сведоци сме како визуелните медиуми секојдневно ги потиснуваат пишаниот збор и книгите. Но, дали знаевте дека читањето го поттикнува когнитивниот развој на детето?

Читање го стимулира развојот на мозокот

Истражувањата покажуваат дека децата чии родители им читале сликовници секој ден и им раскажувале приказни од раното детство значително се поуспешни во учењето на читањето, пишувањето и разбирањето, а тоа се сите вештини кои им се потребни во училиштето.

Родителите можат многу да направат детето да засака читање книги од детството. Читајќи на своите деца, го охрабруваме напредокот, растот и развојот на нивните мозоци. Читање на глас на децата е најважната активност за развој на писменоста и успешноста во читањето и во подоцнежните години, како и многу други поврзани способности.

На децата на кои редовно им се чита се навикнуваат на книги, научат да интерпретираат слики, ја следат приказната и даваат значење на пишаниот збор. И што е најважно – читањето е забавно.

Читањето на детето отвора нови светови, возбудувања и авантури, со што се стимулира детско размислување и имагинација, воведувајќи го во волшебниот свет на книгите.