Мистерија што треба да се реши | Новиот коронавирус се шири низ целиот организам, најден е буквално насекаде

494

Интересно, додека белите дробови покажувале најмногу воспаленија и повреди, мозокот и другите органи често не покажувале значителни промени во ткивото и покрај значителното вирусно оптоварување, открива најновата студија.

Нова студија открива интересни факти за новиот коронавирус. Иако COVID-19 е дефиниран како респираторно заболување, ефектот на неговиот предизвикувачки агенс, вирусот SARS-CoV-2, не е ограничен само на респираторниот систем.

Новиот коронавирус може да се најде на сите делови од телото, како што покажуваат неодамнешните аутопсии. Во овие аутопсии, вирусот SARS-CoV-2 е пронајден, меѓу другото, во срцето, белите дробови, слезината, бубрезите, црниот дроб, дебелото црево, градите, мускулите, нервите, репродуктивниот тракт, очите и мозокот.

Системска инфекција која може да трае со месеци

Една од овие специјални аутопсии покажала присуство на новиот коронавирус во мозокот на починат пациент 230 дена откако првпат биле откриени симптомите на болеста COVID-19.

Нашите податоци покажуваат дека кај некои пациенти SARS-CoV-2 може да предизвика системска инфекција и да опстојува во телото со месеци, пишуваат авторите на студијата, предводени од тим научници од Националниот институт за здравје на САД (NIH).

Резултатите од нивната студија се објавени во научното списание Nature.

И претходните аутопсии на заразените со COVID-19 покажале прелиминарни знаци на ширење на повеќе органи, при што генетските остатоци од вирусот се појавувале во безброј ткива, органи и течности. Една нова студија сега ги повторува и потврдува овие резултати подетално од кога било досега, тврдат нејзините автори.

Пронајден на 85 локации во телото

Студијата опфатила 44 одделни аутопсии (од април 2020 година до март 2021 година), во кои научниците внимателно го откриле и го квантификувале нивото на РНК од SARS-CoV-2 на 85 локации и телесни течности. Тие генетски информации укажуваат каде вирусот можел да се репродуцира додека лицето било живо.

Научниците, исто така, откриле дека постарите, невакцинирани луѓе кои починале од COVID-19 покажале изобилство знаци на репликација на SARS-CoV-2 на вкупно 79 локации и телесни течности. Покрај тоа, некои од овие промени биле очигледни во рок од две недели откако почнале да се појавуваат првите симптоми.

Мистериозно отсуство на оштетувања на други органи

Интересно е тоа што додека белите дробови покажувале најмногу воспаленија и повреди, мозокот и другите органи често не покажувале значителни промени во ткивото и покрај значителното вирусно оптоварување, истакнуваат авторите на студијата, но додаваат дека не е познато зошто е тоа така.

Во подоцнежните фази на закрепнување од COVID-19, истражувачите откриле докази дека белите дробови биле помалку инфицирани отколку што биле првично, додека другите локации не покажале ни приближно толку подобрување.

Врска со долгиот КОВИД?

Како вирусот се шири толку далеку и широко во телото е уште една мистерија што треба да се реши. Аутопсиите во најновата студија не често покажуваат видливи остатоци од вирусот во крвната плазма, што укажува на тоа дека тој можеби се шири низ телото по други патишта. Разбирањето како SARS-CoV-2 се шири и опстојува во човечкото тело може да открие многу за тоа зошто некои пациенти страдаат од таканаречениот дол COVID-19.

Се надеваме дека ќе ги реплицираме податоците за вирусната перзистенција и ќе ја проучуваме врската со долгорочниот КОВИД. За помалку од една година имаме околу 85 случаи и работиме на проширување на овие напори, вели Stephen Hewitt од Националниот институт за рак на САД и еден од авторите на студијата.

Извор Science Alert