Научниците предупредуваат | Ѕвездите исчезнуваат од ноќното небо со алармантна брзина | Видео

349

Доколку до сега можевме да видиме 250 ѕвезди во некоја област, за 12 години тој број би се намалил на само 100 видливи ѕвезди, предупредуваат научниците.

Ако се чини дека во последно време ви е потешко да ги видите ѕвездите на ноќното небо, не сте единствените. Истото го забележале и тим истражувачи кои анализирале десетици илјади набљудувања од граѓани ширум светот.

По 12 години анализа, тие објавиле студија во списанието Science, во која откриваат дека ѕвездите полека исчезнуваат од ноќното небо. Поточно, во последните 12 години небото е се посветло. И со стапка од приближно 9,6 проценти секоја година, односно небото е двојно посветло на секои осум години.

Во позадината на ова осветлување е всушност светлосното загадување кое спречува нежната светлина на ѕвездите да стигне до Земјата. Истражувачите истакнуваат дека проблемот со светлосното загадување не е ништо ново, но стапката со која расте е алармантна.

Доколку до сега можевме да видиме 250 ѕвезди на некоја област, за 12 години тој број би се намалил на само 100 видливи ѕвезди, предупредуваат научниците во својата работа.

Тие истакнуваат дека мерењето на осветленоста на небото, а со тоа и на вкупната видливост на ѕвездите е многу тешко. Како прво, за мерење често се користат сателити кои се наоѓаат во Земјината орбита и тие имаат значително поинаков поглед во споредба со луѓето на Земјата. Со цел да се обидат да измерат што точно може да се види од Земјата, истражувачите побарале помош од обичните граѓани.

Повеќе од 50.000 луѓе ширум светот се приклучиле на проектот “Globe at Night” и ги пријавиле своите набљудувања на истражувачите.

Со анализа на овие набљудувања, тие откриле дека веројатниот главен виновник за влошувањето на видливоста на ѕвездите е LED осветлувањето, кое стана главен извор на светлина низ целиот свет во последните 12 години. Истражувачите истакнуваат дека во 2011 година LED осветлувањето имало само еден процент од уделот на пазарот. Помалку од 10 години подоцна, тој удел веќе биле 47 проценти и само се зголемува.

Тие предупредуваат дека тоа влијае не само на гледањето ѕвезди, туку и на целиот екосистем. Неколку претходно објавени студии покажуваат дека сè посветлото ноќно небо влијае на растенијата, животните и нивните меѓусебни интеракции. Лабораториските студии, според истражувачите, покажале и физиолошки промени кај рибите поради се посветлото ноќно небо.

Извлекуваме два заклучоци од овие резултати. Прво, видливоста на ѕвездите брзо се влошува, и покрај (или можеби поради) воведувањето на LED диоди во надворешното осветлување. Постоечките политики за осветлување не го спречуваат зголемувањето на осветленоста на небото, барем на континентални и глобални размери. Второ, употребата на набљудувања со голо око од страна на граѓанските научници обезбедува комплементарни информации за збирките на сателитските податоци, напишаа научниците, заклучувајќи дека видливоста на ѕвездите се намалува со побрзо темпо од очекуваното.

Ќе можеме ли да видиме ѕвезди на ноќното небо за неколку години? Астрономите веќе во неколку наврати предупредуваа на сè поголемата „гужва“ на ноќното небо создадена од илјадници сателити, што го отежнува набљудувањето на ѕвездите и самиот универзум.

Се чини дека ако сакаме да ги набљудуваме ѕвездите, ќе мора да ги најдеме најтемните агли или да се потпреме на сателити, вселенски телескопи и сонди.