Изберете ја праведноста (вие) кои што ја управувате земјата (DILIGITE IUSTITIAM QUI IUDICATIS TERRAM)

126

Секоја историја има своја душа, своја вистина, а вистината и сеќавањата не може да изгнијат, исто како што никој не може да избега од судот Божји.

Постојат луѓе кои ја живеат својата историја, својата лична легенда, што би рекол Пауло Коељо, но и (не)луѓе што ја сквернават и окрвавуваат… На крвникот потешко му е отколку на жртвата, но само ако има совест да осети срам.

Чувството на срам подлабоко е од болката и расте заедно со свеста. Самосвесен и совесен човек се срами – предаторот никогаш! Во неговиот мозок и карактер нема место за грижа на совест, преполно е со егоизам. Затоа се бесрамни и саможивни.

DILIGITE IUSTITIAM QUI IUDICATIS TERRAM – “Изберете ја праведноста (вие) кои што ја управувате земјата” – Божествениот Данте Алигиери на врвот од Рајот, Empiurija, ја испишува латинската максима со која укажува за суштината на владеењето.

Неговото ремек-дело Божествена комедија е јазична и графичка катедрала, која низ историјата само добива на вредност. Неговата летристичка имагинација, како резултат на една вонсериска талентираност и сестраност, останува вечна инспирација за секоја и сечија историја…