Универзитетот „Кјото“ останува на врвот на јапонската универзитетска ранг-листа за 2019 година

187
Универзитетот „Кјото“ останува на врвот на јапонската универзитетска ранг-листа за 2019 година

Универзитетот „Кјото“ втора година по ред е прогласен за најдобар меѓу 330 јапонски Универзитети и со тоа се најде пред Универзитетот „Токио“.

Резултатите беа објавени во средата од страна на “Times Higher Education”.

На првите девет места доминираа националните универзитети, на третото место се најде Универзитетот „Тохоку“, а веднаш по него е Универзитетот „Кјушу“. Универзитетот „Хокаидо“ и Универзитетот „Нагоја“ го заземаа петтото место.

Рангирањето на јапонските Универзитети трета година по ред е направено во соработка со “Benesse Corporation”, компанија која нуди образовни услуги. За разлика од годишните светски рангирања кои се фокусираат на квалитетот на истражувањата, јапонската верзија на рангирање ја нагласува важноста на универзитетите во развојот на студенските способности.

Церемонија на доделување дипломи, Kyoto University, Japan

Јапонските Универзитети се оценувани во четири области – ресурси, ангажман, постигнати резултати и животна средина, а беа квантифицирани со шеснаесет “индикатори за индивидуални перформанси”, како што се средствата потрошени за учениците, односот помеѓу факултетот и студентот, научниот излез, истражувачките грантови и академската репутација.

Меѓународниот Универзитет „Акита“ беше рангиран на десеттото место. Тој е познат по тоа што ги поттикнува студентите да студираат во странство. Исто така, беше рангиран на првото место за поттикнување меѓународно опкружување.

Приватните универзитети се најдоа на пониско ниво. Меѓународниот Христијански универзитет се најде на 11-то место, Универзитетот „Васеда“ на тринаесеттото, а Универзитетот „Кејо“ на четиринаесеттото место.

mainichi.jp