Дали треба да се гладува пред да се направат анализи на крвта

715

Докторите обично препорачуваат 12 часа пред правење анализа на крвта да се гладува или барем да се избегнува тешка храна. Меѓутоа, најновото истражување покажало дека за тоа сепак нема потреба

Истражувачите користеле голема база на податоци за да ја проучуваат анализата на крвта кај повеќе од 16.000 мажи и жени.

Околу 10.000 наоди биле направени по подолго од осум часа гладување, а останатите за пократок временски период. Потоа двете групи биле набљудувани во текот на 14 години, со цел да се провери дали наодот на оние кои гладувале бил поточен во предвидувањата за разик од срцеви болести и смрт од оние кои не гладувале.

Зголеменото ниво на ЛДЛ, вкупниот холестерол и триглицериди, бил очекувано поврзан со поголем ризик од срцеви болести и смрт. Меѓутоа кога се споредени наодите на двете групи, а биле земени предвид и факторите како што се полот, дијабетисот, високиот крвен притисок и слично, откриено е дека тестовите подеднакво добро го предвидувале ризикот од болести.

– Нема јасни податоци кои ја поддржуваат теоријата за потреба од гладување пред вршење анализа на крвта. Време е да се престане со инсистирање за тоа. Тестовите на оние кои не гладувале ја даваат истата референтна вредност како и тестовите на оние кои гладувале, изјави американскиот доктор Срипал Багалор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.