Протеините (или белковините) се едни од најважните состојки на човечката храна.
Тие влијаат врз нормалното функционирање на организмот и користа од нив е непроценлива.
Потребни се, за да бидат коските здрави, одржуваат оптимална тежина и да даваат убавоблик на телото.
Докторите советуваат да се употребуваат 75 грама на ден.
Многу протеини содржат пилешкото, телешкото и говедско месо, во морските плодови, јајцата и оревите и во млечните производи.
Еве 7 корисни својства на белковините:
1. Ни помагаат на мозокот да ја зачува концентрацијата и потребното ниво на активност. Затоа се исклучително важни во периоди на ментално оптоварување и во режим на многу задачи истовремено.
2. Млечните протеини содржат осум важни аминокиселини.
3. Протеините се потребни за здрави нокти и коса, кои во отсуство стануваат трошливи.
4. Со отсуството на белковини, метаболизмот забавува а наместо силно мускулно ткиво се прават масти.
5. Белковините се потребни за изградба на организмот, бидејќи секоја клетка се состои од 45% протеини.
6. Важно својство на производите со содржина на протеини е тоа што имаат висока енергетска вредност – го наситуваат организмот брзо и долго го регулираат гладот.
7. Белковините совршено го намалуваат оптоварувањето на црниот дроб и жолчното кесе.



















