Тестот се состоел од расудување, решавање проблеми, знаење, вокабулар, визуелно-просторно снаоѓање и памтење.
Дајаал Каур од Бирмингем примена е во Менса кога имала само три години, а нејзиниот коефициент на интелигенција е 142.
За да се најде во оној одбран круг натпросечно интелигентни луѓе, девојчето мораше да добие одобрение од психологот Лин Кендал, автор на книгата „Брилијантен коефициент на интелигенција: Дарба или предизвик“.
Тестот содржи прашања од расудување, решавање проблеми, знаење, вокабулар, визуелно-просторно снаоѓање и памтење, а Кендал, на барање на британските портали, сподели дел од прашањата кои импресивната Дајаал требала да ги реши.
1. Собери трит подолу наведени броја за да добиеш 60. Колку различни комбинации можат да се најдат?
2 3 5 10 15 20 25 50
2. Кој број недостасува во следната низа?
4 9 16 25 ? 49 64 81
3. Замислете да користите обичен калкулатор и да притискате математички симболи по ред, заменувајќи го секој прашалник со еден математички симбол. Знаците на одземање, собирање, множење и делење се користат само еднаш.
Кој е најголемиот број што можете да го добиете? 6? 2? 2? 4? 2 =
4. Која буква треба да биде на местото на прашалникот?

5. Пополнете го овој квадрат со буквите на MENSA. Кога ќе завршите, ниту еден ред, колона или дијагонална линија од било која должина нема да ја содржи истата буква повеќе пати. Која буква даоѓа на местото на прашалникот?

Одговор ⇓
Продолжува на страна 2



















