Полицијата во Чиле обучува кучиња за откривање на пациенти со коронавирус по мирис на човечка пот. Три златни ретривери и лабрадор на возраст меѓу четири и пет години досега работеле во потрага по нелегални опијати.
Програмата за обука е дел од заедничките напори на националната полиција, карабиниери и експерти од католичкиот универзитет во Чиле. Официјалниот претставник Хусио Сентелисез рече дека слични напори се во тек и во Франција.
– Вирусот нема мирис, но инфекцијата предизвикува промени во метаболизмот и доведува до ослободување на одреден вид пот што ќе го детектираат кучињата – рече професорот Фернандо Мардонс од ветеринарната епидемиологија на католичкиот универзитет.
Според него, резултатите од тестирањето во Европа и Дубаи покажале 95 проценти ефикасност при откривање на случаи на ковид-19 кога се користат кучиња.