Животот е убав од Славица Јаковски

39

Прекрасно е чувството кога искинатите животни страници се повторно составени…

Талкав, плачев, тагував никогаш не бев сама со мене беа солзите и тагата. Имав многу луѓе покрај себе, но тагата никогаш не ја намалував… Го мразев денот, ја мразев и ноќта… Едни луѓе заминуваа, други доаѓа во мојот живот… едни ми носеа лекции, некои тага а пак едни ми ја враќаа повторната желба за живот. Го чуствував животот како полека се топи како восокот на свеќата во темната ноќ…

Ја барав ноќта, го барав сонот бидејќи само ноќта ми носеше спокој и бегство од реалноста. Но во животот не е се така црно како што изгледа. Животот е огромна борба, секој ден нова битка, секоја изгубена битка не е изгубена војна. Животот е војна во која не смееш да се предадеш.

Не се наведнува главата на поразите и во најтешките мигови е потребно мислата да биде присутна дека си најдобар и дека можеш се, дека има луѓе на кои им нешто значиш и за кој вреди да се бориш. Има луѓе кои те подржуваат и едноставно се гордеат со тебе… Среќен живот немало ниту пак ќе има, но постојат само среќни мигови, мигови за кои вреди да се живее.

Денес живеам со поголема желба за живот уште повеќе, мотивација од сите страни. Повторно се будам со насмевка на лицето, затоа што знам дека има прекрасни личности околу мене, личности кои ми ја вратија насмевката и кои направија повторно да живеам. Прекрасно е чувството кога знаеш дека си искрено сакан, кога во нечии прегратки времето поминува како секунда, во тие мигови грижите не се ни чуствуваат. Прекрасно е чуството кога се осеќаш посакувано…

Од лошите личности останаа само спомени, тие пред моите очи се стопија како последна свеќа што догорува… сега само благо се насмевнувам на тие спомени кои не оставија никаква трага. Кои ме направија само една посреќна и посилна личност и навистина богата со најпрекрасните личности покрај себе. Животот е постојано бегство од тунелот, тунел низ кој постојано патуваме да ја дофатиме светлината која иако понекогаш ни изгледа како недостижна а секогаш е дофатлива и остварлива. Нема посреќна личност од онаа која е сакана…

Животот е огромен лавиринт кој многу пати не става на тест… но никогаш нема откажување.

После дождот секогаш доаѓа сонцето, по една затворена врата, се отвара нова и тоа подобра од претходната.

Славица Јаковски