Што стареењето му прави на пенисот

883

Само да знаете, процесот на стареењето на пенисот започнува по триесетата година, така што оние кои сѐ уште се сметаат за фраери знаат дека и не е баш така.

Стареењето влијае на машкиот полов орган на неколку начини, а тоа е прашање кое секој маж често си го поставува, гледајќи го својот пријател, додека е сѐуште во сила. Без оглед на тоа дали мажот е сам, во врска или брак, болен или здрав, некои промени се неизбежни.

За почеток, кулминацијата на сексуалноста кај мажите се случува околу 30 години, а после тоа сѐ е пат надолу, без разлика што вие сте размислувале за тоа. Првите промени ќе се случат во изгледот и големината, т.е. главата полека ќе ја губи бојата што се должи на намалувањето на протокот на крвта, а не е чудно што ги снемува срамните влакна кои почнуваат да одат заедно со оние од темето.

Лошата вест за оние кои на оваа возраст почнуваат да го зголемуваат стомакот – за разлика од него кој расте, пенисот губи на должината и на обемот. Но, ако реагирате на време, процесот може да се промени и вашиот пријател повторно ќе го окупира истиот простор во долната облека.

Меѓутоа, ако намалувањето е последица на годините, не можете да направите ништо. Всушност, со текот на годините, масните супстанции познати како плак се акумулираат во малите артерии во пенисот, кој го спречува нормалниот проток на крвта.

Со текот на годините, пенисот може да се накриви на некоја страна, како последица додека е во ерекција или за време на сексот кога доаѓа до мали оштетувања на ткивото. Ова состојба е позната како болеста Peyronie и обично се манифестира токму во средната возраст. Во некои случаи, предизвикува болни ерекции, што значи дека ќе треба да се оди на лекар.

Се разбира, и времето на возбудата станува сѐ пократко како што стареме, бидејќи пониските нивоа на тестостерон значат дека е потребно подолго време за ерекција, а и за оргазам.

За многу проблеми може да биде одговорна и зголемената простата, која ќе го ослаби протокот на крвта и ќе почне да предизвикува проблеми со ерекцијата, па затоа, без оглед колку незгодно и да било, испитувањето на простата би требало да биде стандардна процедура за мажите по четириесетата.

Знаеме, ќе речете дека не ви е гајле, бидејќи постои Виагра … но дури и малата сина таблетка не е семоќна.