Еве како да ја намалите тежината по бременоста

1148

За време на бременоста речиси секоја мајка качува вишок килограми.

По раѓањето дел од нив се намалуваат по природен пат, но другиот дел останува и ја загрозува фигурата.

Големо прашање е како да го симнете вишокот тежина по породувањето на најбрз начин ?

Постојат 3 едноставни начини да го симнете вишокот тежина по породувањето по здрав пат. Кои се тие?

1. Почнете да се движите

Користете го секој удобен момент да се движите, дури и да не правите намерно вежби. Кратките прошетки по 15-20 минути на ден ќе ви се од голема корист.

По породувањето е важно да чекате околу 2 месеци, додека почнете активно да правите вежби и да тренирате напорно со поголеми оптоварувања. Во меѓувреме, можете да се движите повеќе, за да го активирате метаболизмот.

Можете да ја користите прошетката со бебешката количка како начин за умерен тренинг. Отпрвин прошетајте се полека додека ја туркате. По вториот месец започнете да го забрзувате темпото додека достигнете ниво во кое ќе можете да се напрегате благо, туркајќи ја. Така ем ќе го шетате на воздух бебето, ем ќе импровизирате џогирање.

Јадете разумно

Додека доите недозволиво е да се придржувате ограничувачки на диети за слабеење, особено такви кои укажуваат многу мал внес на масти и протеини. Сепак млекото ви треба да е хранливо и богато со сите потребни за бебето материи.

Мајката што дои сепак не треба да го злоупотребува количеството храна, како и со квалитетот. Тоа значи дека не само што не треба да се лишат од корисни хранливи материи (природни јаглени хидрати, корисни масти и протеини), но и не мора да се храните со штетна процесуирана храна.

Доволно е да се балансира вашата исхрана. Во комбинација со моторната активност ова ќе ви донесе голем број позитиви.

Намалете ги заситените шеќери, избегнувајте ги калоричните и слатки десерти за сметка на природните производи. Избирајте цели зрна, посни протеини, производи богати со масни киселини.

Ако се чувствувате исцрпени не посегнувајте кон чоколадото и брзоразградливите јаглехидрати.

Дајте му енергија на телото со корисни закуски , на пример:

1. Три моркова со 4-5 лажици хумус;
2. Две лажици мелени бадеми и суво грозје, се меша со половина чаша путер од кикирики;
3. Пет интегрални бисквити со путер од кикирики и банана;
4. Плочки сирење со 1 јаболко или 1 круша;
5. Едно варено јајце со парче пченкарен леб, а за десерт 1 чаша грозје;
6. Еден портокал со 2 парчиња мисиркино месо, печено;
7. Една чаша јогурт со ½ чаша овошје по избор и 1 лажица семки од сончоглед;
8. 10 страка суров целер намачкан со малку путер од кикирики.

Секогаш кога ќе ви се пријаде нешто и почувствувате дека енергијата ви опаѓа или едноставно ви кркори стомакот, јадете некој од овие здрави менија за попатен појадок. Така нема да наштети на вкупниот внес на калории.

Ослободете го умот

Поинаку кажано – не го сметајте секој килограм и грам дневно. Важно е да имате поставена цел, но не се загледувајте во вагата за слабеење. Ослободете го умот и оставете промената на вашето тело да се случи постепено, здраво и сигурно. Не се откажувајте, ако резултатите не се појават веднаш.

Колку повеќе сте под стрес од желбата за слабеење, толку повисоки ќе се нивоата на кортизол во крвта. Овој хормон пречи исклучително многу на големата размена и брзото и здраво слабеење.

И неколку совети:

  1. Спијте кога бебето спие – така ќе можете да ги повратите силите поквалитетно;
  2. Внесете задоволувачки практики – замолете го партнерот да ви прави опуштена масажа, читајте го омиленото списание, гледајте опуштачки филм, кога не сте зафатени со бебето. Важно е со оглед на намалувањето на стресот и нормализирањето на хормоните;
  3. Излегувајте повеќе надвор – свежиот воздух, движењето и прошетката секогаш се одразуваат добро не само на метаболизмот, но и на добрата психичка состојба, а како што знаеме тоа е предуслов за здрав организам и хормонален баланс.