Што се случува со вагината за време на долгата “суша“?

348

Придобивките од задоволителниот и интензивен сексуален живот се многу – подобрен имунолошки систем, пониски нивоа на стрес, нормален крвен притисок, помала шанса од кардиоваскуларни болести, одлично расположение и не на последно место чувство на среќа и оптимизам.

Не секоја жена, сепак може да се пофали со висока активност во спалната поради голем број на причини и тоа сериозно може да влијае на здравјето на нејзината вагина.

Погледнете што се случува кога ќе ги оставите долго своите интимни делови без внимание и оргазми:

Следниот сексуален однос може да биде болен

Долгиот целибат води до загуба на еластичноста на мускулите во интимната област, како и до помало подмачкување. Тоа од своја страна може да го претвори сексот во нешто болно, објасни Брет Уорли, гинеколог кон медицинскиот центар на универзитетот во Охајо. Таа ги советува дамите без сексуален партнер да се грижат за себе со вибратори или други играчки кои ќе го одржуваат тонусот на мускулите.

Вагината буквално може да се заклучи

Болката при секс по апстиненција брзо ќе помине, најлошо е ако вагиналните мускули се стесниле до таков степен што дури ни прст да не може да навлезе меѓу вагиналните ѕидови. Оваа состојба се нарекува “вагинизмус” и за неговото решавање е потребна професионална медицинска помош. Често тоа е резултат на сериозна повреда како силување, но може да се случи и на жена која не претрпела нешто слично.

Продолжува на страна 2