Вечерта е многу проблематично време за одредени навики, поради кои можеме да добиеме тежина.
Откријте поради кои 8 вечерни навики се дебелете:
Не спиете доволно
Последици: Вашиот метаболизам станува побавен и чувствувате глад поради недоволно спиење. Нивото на кортизол во крвта се зголемува. Вежбате помалку затоа што се чувствувате уморни.
Препорака: Спијте најмалку 8 часа во текот на ноќта.
Се прејадувате за вечера
Последици: Јадете премногу храна или јадете премногу тешка храна и како последица на тоа варењето се забавува, а тоа е особено изразено навечер.
Препорака: Изберете лесна вечера која главно се состои од протеини и зеленчук.
Јадете пржена или зачинета храна за вечера
Последици: Премногу калории што не можете да ги сварите толку брзо и слабо варење предизвикано од ваков вид на храна. Исто така, бројот на масни клетки се зголемува и ќе имате полош сон.
Препорака: Избегнувајте ваков вид на храна да јадете доцна во ноќта.
Легнувате веднаш по вечерата
Последици: Зголемена акумулација на масни клетки и проблеми со варење.
Препорака: Вашиот последен оброк треба да биде најмалку 1 и пол до 2 часа пред спиење.
Продолжува на страна 2



















